rakometari

Струга останува лидер

Post Views: 8 Струга останува лидер. РК „Струга“, после пет одиграни кола со 12 поени ја држи челната позиција на табелата за ракомет во мажи. Нашата интенција е да го освоиме максимумот на бодови и да ја задржиме првата позиција на крај од есенското првенство, вели претседателот на клубот Науме Уграновиќ-Ноне. Тој го најави престојниот дерби натпревар помеѓу двата ривали Струга- Охрид, од кој натпревар очекува фер плеј. „Играме дерби натпревар со екипата на РК Охрид и секако дека тој натпревар претставува дерби во смисла на очекувања на двете екипи да остварат добар резултат, нормално...

Continue reading

Македонија со тешкотии ги искористува средствата од светските фондови

Post Views: 3 Охриѓани се запознаа со можностите за добивање подгрантови во рамки на проектот за локална и регионална конкурентност. Пред објавувањето на вториот повик за доделување на подгрантови за поддршка и развој на туризмот добро е клучните чинители во дестинацијата да се запознаат со концептот, методите и бенефитите од управување со дестинации, а потенцијалните апликанти подетално да се запознаат со специфичните развојни планови, вели Маја Блажев која е ангажирана како специјалист за развој на туризмот во овој проект. „Нашиот проект и тимот кој што работи на овој проект ги...

Continue reading

Ковид 19

Во Охрид 24 новозаболени лица од Ковид-19

Post Views: 0 722 нови случаи на Ковид 19 во земјава, во последните 24 часа од направени 5865 тестирања. Скопје – 302,Тетово – 51, Куманово – 46, Струмица – 42,Гостивар – 39, Охрид – 24, Велес ,Кичево и Штип – по 21, Кавадарци – 19, Битола ,Свети Николе и Струга – по 18, Прилеп – 16, Кочани – 13, Дебар – 7, Делчево и Радовиш – по 6, Гевгелија , Крива Паланка и Неготино – по 4, Берово, Македонска Каменица ,Пробиштип и Ресен – по 3, Богданци,Валандово и Виница – по 2, Демир Хисар,Дојран, Кратово и Македонски Брод – по 1. Регистрирани сe 574 оздравени пациенти од: Скопје – 169, Тетово...

Continue reading

Повторно се работи околу објектот на Али пашината џамија во охридската чаршија

Post Views: 0 Повторно градежни активности на Али пашината џамија во Охрид. Ова доаѓа еден месец откако Министерот за култура Роберт Алаѓозовски изјави дека проектот за конзервација и реконструкција на џамијата е стопиран и дека ќе се преиспитува од страна на стручни лица од ресорното министерство. После тоа следуваше период на затишје но граѓаните деновиве повторно реагираат дека на локацијата која е заградена со високи лимови и на кои има ознаки забрането фотографирање и снимање повторно се работи. Со тоа се актуелизира темата која ја брануваше охридската јавност од моментот кога...

Continue reading

Како до подолга сезона, успешна продажба и закуп на сместување вон сезона

Post Views: 5 Со помош на странски искуства и тренинг охридските станоиздавачи учат како до поголема искористеност на нивните сместувачки капацитетии и како да биде продолжена туристичка сезона. Во Охрид се одржува работилница на тема “Како до подолга сезона, успешна продажба и закуп на сместување вон сезона”. Деновиве сме сведоци дека Охрид може да биде исполнет и вон сезона, поддржувајќи програма со новогодишни содржини, преку организација на бројни настани и концерти кои привлекоа голем број гости. Елена Иванова туристички менаџер во ИМЕ програмата, односно програмата за зголемување...

Continue reading

Четири начини со кои Ikea успешно ги придобива купувачите

Post Views: 1 Ikea освен по производите, позната е и по интересно уредените продавници кои функционираат како голема самопослуга во која лесно се доаѓа до посакуваната роба, а често се купува и она што не било во план. Заслугите за овој бизнис успех најнапред одат на нивниот концепт кој го создале овие четири дизајнерски правила: –Намалување на трошоците на секој чекор – Во процесот на производство, Ikea држи голем нагласок на што помалку трошоци. Така, за изработка на мебелот користи евтини плочи од влакна кои ги нарачуваат во големи количини. Ikea, исто така, ги намалува трошоците...

Continue reading

На охридското здрaвство му се потребни педијатaри

Post Views: 6 За здравјето на охриѓанчињата во моментов се грижат околу 10 -тина педијатри во јавното и приватното здравство. Во последниве години нема нити еден млад лекар кој сака да ја продолжи педијатриската професија, вели д-р Никола Филев познат охридски педијатар. Додава дека во моментов нема нити еден специјализант од градот во ова област. Состојбата е алармантна и под итно мора нешто да се преземе, животот е математика сите сме во позрели години, а подмладок нема, укажува д-р Филев. „Не само во педијатријата туку и со другите високо стручни кадри.Тоа е еден комплексен проблем...

Continue reading

Општина Охрид ќе ја субвенционира уплатената туристичка такса од приватните станоиздавачи 100%

Post Views: 2 Општина Охрид ќе ја субвенционира уплатената туристичка такса од приватните станоиздавачи 100%. Оваа мерка на локaлната ќе стартува од оваа година , а целта е што повеќе да се стимулираат приватните станоиздавачи да уплаќаат туристичка такса, а со тоа да прикажуваат реално колку гости имале во текот на туристичката сезона. Но, за да добијат субвенции има еден услов со кој општината на некој начин се заштитува од злоупотреба на оваа поволност која ја нуди. Субвенциите кои ќе ги добијат од нас ќе мора да ги инвестираат во осовременување на своите сместувачки капацитети...

Continue reading

niva

Македонија ја очекуваат „изгор“ лета и благи зими

Post Views: 1 Пеколни лета и благи зими кои директно ќе влијаат на водните ресурси – вакви ќе бидат ефектите од климатските промени во земјава, предупредуваат експертите. Во проекциите направени за нашата земја, проценето е дека во периодот 2025-2100 година ќе дојде до континуирано зголемување на просечната годишна температура особено во летниот период од годината. Ќе има и екстремни пикови на високи температури и долги периоди на т.н. топли бранови  со  континуиран број на денови над 40 степени, сметаат добро упатените. Според проф. д-р Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје...

Continue reading

Со скратени часови започна второто полугодие за учениците од струшкото училиште Јосип Броз Тито

Post Views: 0 Второто полугодие за околу 500 ученици од струшкото ОУ Јосип Броз Тито по завршување на зимскиот распуст започна со скратена настава. Часовите траат по 35 минути, а оваа мерка е резултат на последиците од поплавата што се случи кон крајот од првото полугодие, информира директорката Наташа Пинтоска. „Презедовме мерки додека учениците беа на зимски распуст. Се санира влагата и се сушеа училиниците и во најголем дел условите се добри за работа, но заради здравјето на учениците донесовме одлука оваа недела да учиме со скратени часови“, подвлекува Пинтоска. За потсетување,...

Continue reading

sednicast

Стружани куртулија од поскапување на водата

Post Views: 7 Стружани нема да добијат повисоки сметки за вода. На овој став цврсто застанаа и го одбранија  струшките советници на ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ и ПЕИ. Околу предлог одлуката за зголемување на цената на водата два дена во струшкиот совет се одвивала вистинска драма, обвинуваат советниците на ВМРО – ДПМНЕ. Координаторот на оваа политичка партија Момчило Аврамоски вели дека советниците на седницата се држеле како заложнци без можност да гласаат. „За една точка гласавме дури по десеттина пати, и воопшто не се успеваше да се донесе одлука. Поради немање на доволно гласови за да...

Continue reading

„ Завој, корени, стебла и обичаи“ е монографија за народното битие од охридското село

Post Views: 11 Промовирана монографијата „ Завој , корени, стебла и обичаи“ од авторот Ѓорги Трпчески. Делото содржи етнолошки податоци за охридското село и за неговите жители. Завој е оддалечено на 22 км од градот и е сместено на падините на планината Бигла на 1000 метри надморска висина. Авторот Ѓорѓи Трпчески на страниците од книгата од заборав ги зачувал истриските податоци за селото, родовите стебла на околу 30 -тина завојчани до 6 колено, но и дел од богата традиција на жителите од ова планинско село. „За обичаите , верските празници кои ги имало во селото, но и видни личности...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top