„ Завој, корени, стебла и обичаи“ е монографија за народното битие од охридското село

„ Завој, корени, стебла и обичаи“ е монографија за народното битие од ова охридско село. Авторот Ѓорѓи Трпчески од заборав ги зачувал историските податоци за населбата, жителите и обичаите. Станува збор за прво, подетално пишано дело за селото Завој кое ќе биде основа за следните истражувања на идните генерации.

 |  Валентина Неловска  | 

Промовирана монографијата „ Завој , корени, стебла и обичаи“ од авторот Ѓорги Трпчески. Делото содржи етнолошки податоци за охридското село и за неговите жители. Завој е оддалечено на 22 км од градот и е сместено на падините на планината Бигла на 1000 метри надморска висина. Авторот Ѓорѓи Трпчески на страниците од книгата од заборав ги зачувал истриските податоци за селото, родовите стебла на околу 30 -тина завојчани до 6 колено, но и дел од богата традиција на жителите од ова планинско село.
„За обичаите , верските празници кои ги имало во селото, но и видни личности кои потекнуваат од селото.Меѓу нив е и учителот Анастас Митрев кој датира од Илинденскиот период, но и други податоци кои ќе вредат за ова село. Ова ќе живее, ние ќе заминеме, а делото ќе остане трајно и ќе живее“, вели Трпчески.

Ѓорѓи Трпчески работел на книгата„ Завој , корени, стебла и обичаи“ една година, а при тоа добил поддршка од многу свои соселани и колеги. Трпчески вели, со сопругата сме во брак 42 години, но ни било судбина да немаме пород, а еден од мотивите ми беше ова скромно дело да живее и по мене.

„Биолошки наследник немаме.Немаме пород од тие причини јас прифатив да оставам во наследство т.н. чедо кое вечно ќе трае во спомен за селото.Тоа ми беше главен мотив за ова скромно дело што го напишав“ напоменува Трпчески.

Монографијата „ Завој , корени, стебла и обичаи“ е траен документ кој дава податоци за развојот на фамилијарните стебла за десетина претходни герерации. Тоа е многу битно за сегашните и идните генерации, да си ги знаат своите корени и да ги пренесуваат своите сознанија на генерациите што доаѓаат, рече меѓу другото во обраќањето промоторот на монографијата Димитар Смилески.

Во таа насока и рецензентот Проф. д-р Павле Митрески, кажа дека овој труд има за цел да сугерира заедништво и почитување на фамилјарните, роднински врски кај наредните генерации.

„ Завој , корени, стебла и обичаи“ беше промовирано пред многу посетители на Водици. Со тоа Трпчески го одржал ветувањето дадено минатата година на селскиот празник Водици дека ќе напише едно вакво дело, во една од 4 светијонски комапнии каде што завојчани се собираат и негуваат традиција долга со векови која трае до ден денес.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top