Струга останува лидер

Струшките ракометари цврсто ја држат првата позиција на ракомет во мажи. Дерби натпреварот помеѓу екипите на Струга -Охрид кој ќе се одигра викендов во Струга, ќе го означи почетокот на есенското првенство.

 |  Николоска Биљана  | 
rakometari
ракометари

Струга останува лидер. РК „Струга“, после пет одиграни кола со 12 поени ја држи челната позиција на табелата за ракомет во мажи. noneНашата интенција е да го освоиме максимумот на бодови и да ја задржиме првата позиција на крај од есенското првенство, вели претседателот на клубот Науме Уграновиќ-Ноне. Тој го најави престојниот дерби натпревар помеѓу двата ривали Струга- Охрид, од кој натпревар очекува фер плеј.

„Играме дерби натпревар со екипата на РК Охрид и секако дека тој натпревар претставува дерби во смисла на очекувања на двете екипи да остварат добар резултат, нормално ние одиме на победа, Охрид доаѓа да освои бод или три, натпреварот ќе се одигра во една убава атмосфера“-вели Угреновиќ.

Струшките ракометари се во добра кондиција и одат во нагорна линија во нивната форма, бидејќи од летниот период па досега немаат направено пауза со тренинг, истакна Угреновиќ. Додава дека ги очекува напорна борба за да стигнат до заслужената позиција, враќање во супер ракометната лига на РМ.

rakometari„После натпреварот Струга – Охрид имаме уште три кола за завршување до крајот на првенството, па следи пауза. Очекуваме да останеме лидери на табелата и на крај, до година здравје во пролетниот дел да оствариме исто такви резултати да бидеме прваци во првата македонска лига и да се вратиме во елитното друштво на супер лигата“-најавува Угреновиќ.

Условите во кои тренираат струшките ракометари, не се на завидно ниво. Користат заедничка сала во СОУ Нико Нестор во строго прецизиран тајминг, но сепак, сеуште ПК Струга – Струга е расадник за таленти во ракометот.

„Познато е дека во целата земја многу таленти потекнуваат од Струга и не случајно имаме струшки репрезентативци. Секогаш постои потенцијал кај одреден број млади играчи, неоткриени таленти, и во овој момент имаме такви таленти“-изјави претседателот.

Угреновиќ веќе една година е претседатрел на клубот на струшките ракометари. Како што и самиот кажа, не располагаат со доволно средствс, но тајната на успехот лежи во ентузијазмот на ракометарите.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top