• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Со скратени часови започна второто полугодие за учениците од струшкото училиште Јосип Броз Тито

Со скратени часови започна второто полугодие за учениците од струшкото училиште Јосип Броз Тито

Со скратени часови започна второто полугодие за учениците од струшкото училиште Јосип Броз Тито. Поплавата што се случи пред зимскиот распуст е причина за оваа одлука бидејќи во училниците сеуште има влага. Формирана е дисциплинска комсија која утре ќе се изјасни кој е виновен за предивиканата поплава во училиштето. 

 |  Валентина Неловска  | 

Второто полугодие за околу 500 ученици од струшкото ОУ Јосип Броз Тито по завршување на зимскиот распуст започна со скратена настава. Часовите траат по 35 минути, а оваа мерка е резултат на последиците од поплавата што се случи кон крајот од првото полугодие, информира директорката Наташа Пинтоска.

„Презедовме мерки додека учениците беа на зимски распуст. Се санира влагата и се сушеа училиниците и во најголем дел условите се добри за работа, но заради здравјето на учениците донесовме одлука оваа недела да учиме со скратени часови“, подвлекува Пинтоска.

За потсетување, на крајот од првото полугодие во училиштето се случи поплава. Од училиштето сеуште не утврдиле дали некој случајно или намерно заборавил да ги затвори чешмите од кои водата три дена течела низ објектот. При тоа беа поплавени 8 училници. Директорката на училиштето Наташа Пинтоска Беќароска најави дека ќе се спроведе дисциплинска постака и ќе се бара одговорност дали штетата се случила од невнимание или со намера на денот кога вода немало во цела Струга.

 

„ Формирана е дисциплинска комисија која утре ќе донесе одлука дали е некој вработен или е нешто друго во прашање. Во однос на штетата е утрдено дека нема голема материјална штета освен влага во училиниците“, вели Пинтоска.

Пинтоска додава дека за жал, сеуште нема цврсти докази за да се терети некој за направената штета. Директорката кажува дека со подобрување на временските услови целосно ќе бидат варосани оштетените училници.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top