Post Views: 0
Туристичките субјекти се запознаа со стандардите за одржлив туризам. За прв пат во земјава се презентираат стандарди кои се однесуваат на економската, еколошката и социолошката одржливост на една дестинација, но и на приватните чинители и јавните институции. Денес ќе ги претставиме стандардите и ќе идентификуваме во која насока нашата дестинација да стане одржлива, информира Елена Иванова од Свис контакт, швајцарската агенција за развој и соработка. Советот за одржлив туризам има развиено 42 критериуми според кој една дестинација може да биде одржлива, укажува Елена...
Post Views: 12
Денес, 7 април 2014 година, во Центарот за поддршка на обуката (ЦПО) „Пепелиште“ започна теренската вежба „Македонски Блесок-10“.
На чинот на свеченото отварање присуствуваа Заменикот на командантот на Здружената Оперативна Команда бригаден генерал Мухамет Рацај и командантот на 1.механизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Павле Арсоски. На отварањето обраќајќи се пред учесниците на вежбата бригадниот генерал Мухамет Рацај истакна дека претстојната вежба претставува одлична можност за изведување на колективна обука на единиците како форма за усвојување на НАТО...
Post Views: 4
Министерството за здравство целосно ќе ги финансира превентивните програми на граѓанските здруженија и невладини организации за заштита од ХИВ/СИДА. Здружението на граѓани Опција Охрид е една од 15те организации на ниво на Македонија која доби финансиска подршка од националниот буџет на РМ. Оваа граѓанско здружение веќе 13 години ги спроведува овие превентивни прегледи на територија на Охрид и Струга.
Овие невладини организации успеаја стапката да ја одржат во една нормала. Македонија се смета како една држава во која што стапката на ХИВ СИДА е сведена на минимум. Тоа...
Post Views: 1
После 30 години се отвора поле за истражување на т.н. локалитет „Црквени ливади“, во струшкото село Враништа. Експертите по археологија очекуваат дека тука лежат клучните информации за конечно решавање на кубикацијата на античкиот Мегалополис за кој досега се сметаше дека е во Враништа, но неговата позиција била нејасна. Директорот на НУ Музеј Др Никола Незлобински, Сашо Цветкоски, рече дека во моментов на локалитетот Црквени ливади се изведуваат контролни истражувања каде во седумдесетите години веќе била завршена археолошка кампања и биле пронајдени одредени предмети,...
Post Views: 0
50 -те кучиња кои се сместени во привремениот стационар на Мауцкер ќе останат згрижени до месец август. Единствената волонтерка која во моментов се грижи бездомните животни да добијат хуман третман и да не се на улица најавува повлекување од својата повеќегодишна мисија и заминување во странство. Вилдана Садикоска, која остана сама во борбата за грижа на бездомните кучиња, на својот Фејсбук профил меѓу другото напиша.
„Жал ми е, но не можам да помагам веќе, не ми остана енергија за борба, бидејќи немам веќе надеж. До сега се спасени многу кучиња од улица, вдомени, згрижени....
Post Views: 2
Изаир Емини е херојот на Воска Спорт. Се играше 95.минута кога капитенот на Воска успеа од пенал да погоди за победа од 1:0 на неговиот тим против Охрид во градското дерби.
Ова се златни бодови на Воска Спорт, посебно ако се знае дека и Вардар славеше против Тетекс.
Инаку по мечот во Охрид, каде на трибините на “Билјанини Извори“ имаше одново доста публика, дојде до мал инцидент каде “гостите“ имаа што да му кажат на судијата Боби Величков, веројатно незадоволни од тоа дека во последните секунди од мечот досуди пенал за “домашниот“ состав.
РЕЗУЛТАТИ ОД 17-ТО КОЛО
БЕСА...
Post Views: 4
8 мартовското дарување Охридски бисер од Филеви за туристите кои доѓаат во Охрид се одржа на Билјанини извори. Цветка Манева Трајанска од Софија беше среќната добитничка на овој јубилеен подарок од фамилјата Филеви. За туристите по пово Денот на жената се организира незборавен настан на кој најсреќните добиваат подарок од познатото семејсто Филеви. Бугарската туристка не го криеше задоволството од добиениот несекојдневен и скап подарок.
„Ова е за прв пат да добијам ваков подарок .Пријатно сум изненадена со овој гест. До сега не сум имала ваков подарок на овие години....
Post Views: 6
Пуштен во употреба реновираниот градски стадион со фудбалски натпревар помеѓу Македонија и Србија. Двете младински репрезентации на охридскиот стадион во соседско дерби за квалификациите за Европското првенство за фудбалери до 21 година. Во текот на изминативе месеци на стадионот се изгради новата источна трибина со 1480 седишта, се постави модерно осветлување на теренот, а се осовремени и наводнувањето на тревнетиот терен, информира Гордана Јованоска, директор на СРЦ Билјанини извори.
Во летниот период беше оспособен новиот начин на наводнување со сензори и компјутер,...
Post Views: 3
На македонскиот пазар нема доволни количини мед ,а тоа што се нуди на пазарот е гликоза. Таа не е штетна, но купувачите купуваат скап шеќер без минерали и витамини, предупредуваат пчеларите. Цената на медот на Балканот е по 10 евра за килограм. Кај нас се продава од 400 до 500 денари за килограм и го нема, додека во малопродажба може да се најде за 300 денари за килограм, вели охридскиот пчелар Ицо Китанчев.
„Во маркетите има смешни цени и ќе се прашаме дали е тоа вистински мед. Трговците се користат со една финта и го декларираат тоа што го нудат на пазарот како безбедна...
Post Views: 0
Здружението на Пензионери од Охрид и Дебрца одржа годишно собрание. Охридските пензионери го усвоија позитивниот финансиско – материјален извештај за работата на здружението. И покрај блокираната жиро сметка ние сме едно од најдобрите здруженија во земјава, информира Димитар Спасески, претседател на Собранието на здружението на пензионери. Спасески посочи кои се нивните предизвици годинава со кои ќе го подобруваат животот на оваа категорија граѓани.
„Проблемот е со изградба на Дом за стари лица. Охрид е единствениот град во Македонија кој нема дом. Проблем има и со здравствената...
Post Views: 0
Студентот од втора година на електротехника и електроника на Интернационалниот универзитет во Сараево, Ермин Подруг, дошол на идеја да направи џоистик кој ги отчитува сигналите кои мозокот ги испраќа до мускулите, кој пак ги обработува и ги праќа на микроконтролер, а понатаму ги процесира и проследува како команди до компјутерот, роботот или градежна машина и слично.
Тој тврди дека верзија од овој џоистик би требало да биде готова за два месеци и дека џоистикот ќе има облик на ракавица со додатни команди на врвовите од прстите.
Овој изум на Ермин, пишува Al Jazeera,...
Post Views: 16
Погребалниот оператор „Две солзи“ доби продолжување на лиценцата и во наредните 5 години да ја обавува својата дејност. Управителот на овој оператор Наум Мургоски, за ТВМ изјави дека откако работат на пазарот со оваа специфична дејност, ја постигнале својата цел, да стават крај на монополот во погребалните услуги и бизнис.
„Погребалниот оператор „Две солзи“, работи 5 години на охридскиот пазар. Деновиве ја обновивме лиценцата, од Министерството за тренспорт и врски. Продолжуваме со нашата посветена одговорност кон работата по пристапни цени“
Мургоски истакна дека во...