Доцни ларвицидното прскање против комарци, во Охрид

Post Views: 8 Време е за дезинсекција во Охрид. Заради обилните дождови одложена е ларвицидната дезинсекција информираат од Центарот за Јавно здравје. Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска вели дека дезинсекцијата била планирана за март месец, но истата ќе се направи за околу една недела. Таа убедува дека граѓаните навреме ќе бидат превенирани од болестите кои може да ги пренесе комарецот. „Оваа ларвицидна дезинсекција се изведува со биолошки препарат а не со хемиски, препаратот е одобрен од СЗО и Бирото за лекови, не е штетен за околината нити за останатите инсекти, еколошки. Ќе бидат...

Continue reading

Текст кој можел да го напише било кој, доказ за партиско вработување?

Post Views: 1 Пишува Билјана Димко Написот „Дали во Битола се тргува со работни места за гласови?“се темели на текст односно список од непознат автор. Главната проблематичност на овој документ е во тоа што не е веродостоен. Овој текст ја има за извор цитирано објавата на Твитер од Битолски сеир, каде е објавена фотографија којашто содржи текст каде пишува дека актуелната министерка за одбрана и носителка на листа во ИЕ5 , Радмила Шекеринска на 5 јули треба да оствари средба заедно со Соња Карапец, Синиша Матевски и Ице Дамјановски со наводно гласачи на СДСМ кои не се вработени и бараат...

Continue reading

Хуманитарно собирна акција „Вашиот прилог значајна помош“

Post Views: 0 Како дел од активностите за одбележување на Неделата на солидарност, од денеска до 22ри април, охридскиот Црвен крст организира хуманитарно собирна акција „Вашиот прилог  значајна помош“. Целта е да се подигне нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население. Во рамките на акцијата ќе се обезбеди помош во храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина, детски играчки и парични средства, наменети за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со посебни способности од Охрид и Дебрца.  Од Црвен крст Охрид ги повикуваат...

Continue reading

Универзитетот МИТ се промовира пред охридските средношколци

Post Views: 10 Универзитетот МИТ се промовира пред охридските средношколци. Менаџерскиот тим на овој универзитет на матурантите им ги презентира условите и перспективите на оваа високообразовна институција. Концептот на преставувањето е многу креативен и за прв пат е направен во земјава. Тоа е една креативна дебата замислена како интересна игра и борба помеѓу матурантите за престиж. Тој концепт е многу привлечен за сите училишта без разлика дали се стручни или е Гимназија, вели Мирослав Пендаровски- декан на факултетот за психологија на МИТ. Во рамките на промотивните активности го...

Continue reading

Наскоро летови од Европа кон САД за помалку од 70 долари

Post Views: 0 Авиокомпанијата Norwegian Air Shuttle ASA најави дека во својата понуда наскоро ќе воведе директни летови од САД кон Европа за само 69 американски долари. Спрема најавите на директорот на компанијата, Bjorn Kjos тоа би требало да се случи до 2017 година, а како што изјавил за Reuters, летовите по такви цени ќе бидат возможни ако авионите полетуваат од аеродроми кои имаат ниски побарувања. Како пример ги наведе Weastchester County Airport и Bradly International Airport кои се наоѓаат помеѓу Бостон и Њујорк. Норвешката компанија не е единствена која на пазарот излегува...

Continue reading

Паркингот во близина на плажата „Куба Либре“ е вистинско езеро

Post Views: 6 Паркингот во близина на плажата „Куба Либре“ е вистинско езеро. Обилните дождови го наполнија овој простор со вода па сега условите се соодветни за кајчиња, а не за автомобили. Но и кога не е поплавен , овој простор според граѓаните нема минимум стандарди за јавен паркинг простор. Со овој паркинг стопанисува ЈП „Билјанини извори“, а земјиштето е делумно на АРМ, делумно на Локалната. Директорката на „Билјанини извори“, Гордана Јованоска вели дека тие не можат посовремено да го уредат овој паркинг бидејќи тој зазема и дел од Студенчишкото блато, па освен со шљунак не смеат...

Continue reading

Министерот Сугарески: Финансиска поддршка за нови нискобуџетни линии на охридскиот аеродром

Post Views: 8 Авиосообраќајот во земјава и регионот ќе се унапредува, најави од Охрид, Горан Сугарески, македонскиот министер за транспорт и врски. Воспоставувањето на новата чартер линија Истанбул Охрид е доказ дека Македонија е атрактивна за сите авиокомпании, рече Сугарески кој беше дел од дочекот на туристите од Турција со првиот чартер лет. „ Да најавам дека наскоро ќe има јавен повик за финансиска поддршка за ниско буџетни компании кои ќе понудат нови авиолинии. Со тоа ќе им овозможиме на македонските граѓани да летаат по ниски цени до многу метрополи. Охридскиот аеродром ќе...

Continue reading

raspnuvanje

Денес е Велики петок, најтежок празник во христијанската религија

Post Views: 10 Велики петок, освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е распнат Исус Христос. Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во христијанската религија. Велики петок, наспроти вообичаеното одбележување на верските празници со свети литургии и принесување на таканаречената бескрвна жртва, се празнува со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји. Според преданието, Христос починал на крст во “шестиот час на денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето...

Continue reading

Општината ги објави добитниците на средства за програми и проекти од јавен интерес

Post Views: 7 Познати имињата на здруженијата на граѓани и институции чии  програми и проекти од јавен интерес ќе бидат финансирани од општинскиот Буџет. Претставниците на здруженијата на граѓани и институции кои се избрани за доделување на финансиски средства, треба да се дојдат во Секторот за образование во ток од три работни дена, почнувајќи од утре, 17-ти април, со цел да ги потпишат Договорите за учество во финансирање на програми и проекти. Списокот на добитници може да се погледне ТУКА.

Continue reading

sednica

Други зборуваат за програмите за 2013

Post Views: 1   Струшките советници не попуштаат. Ниту пред истекот на нивниот мандат, кога станува збор за забелешки кои според нив  се од суштинско значење за граѓаните, на денешната 48 редовна седница тие го изразија својот револт поради неприсуството на изготвувачите на програмата за 2013 год, од двете ЈП „Комунално“ и МЈП „Проаква“. Љуљзиме Зулали од ДПА вели дека ваквиот однос од нивна страна е крајно несериозен, посебно посочувајќи го ЈП „Комунално“, за кое претпријатие имала неколку сериозни забелешки и не е задоволна од одговорот на нивниот претставник. Зулали посебно го...

Continue reading

Меѓународен семинар за планирање на развојот на единиците на локалната самоуправа

Post Views: 0 Во рамки на програмата на Академијата за добро управување, градоначалникот Јован Стојаноски, денес, го отвори меѓународниот семинар за планирање на развојот на единиците на локалната самоуправа и управување со општинскиот имот. „Дозволете ми најнапред во мое лично име и во името на градот Охрид, да ви посакам пријатен престој и успешна работа на овој исклучително важен семинар,кој ги третира темите за успешен развој на единиците на локалната самоуправа. Развојот на општините, како примарни единици на непосредно остварување и практикување на демократските права на граѓаните,...

Continue reading

Централен регистар со продолжено работно време за поднесување пријави за локалните избори

Post Views: 9 Централниот регистар на Република Македонија ќе работи со продолжено работно време за поднесување на пријави за претстојните локални избори 2021 година. Како што информираат од Централен регистар, во недела на 12 септември ќе работат од 8.00 до 16.00 часот, а во понеделник на 13 септември, вторник 14 септември и среда 15 септември од 8.00 до 20.00 часот. Заинтересираните дополнителни информации може да добијат во соодветната Регионална регистрациона канцеларија, или на e-mail преку контакт формата на Централен регистар.     Извор: МИА

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top