Наскоро летови од Европа кон САД за помалку од 70 долари

Неодамна Исландски WowAir почна со понуда на билет Бостон-Париз за 99 долари

 |  инфодеск  | 

Авиокомпанијата Norwegian Air Shuttle ASA најави дека во својата понуда наскоро ќе воведе директни летови од САД кон Европа за само 69 американски долари.

Спрема најавите на директорот на компанијата, Bjorn Kjos тоа би требало да се случи до 2017 година, а како што изјавил за Reuters, летовите по такви цени ќе бидат возможни ако авионите полетуваат од аеродроми кои имаат ниски побарувања. Како пример ги наведе Weastchester County Airport и Bradly International Airport кои се наоѓаат помеѓу Бостон и Њујорк.

Норвешката компанија не е единствена која на пазарот излегува со ниски прекуокенаски билети. Исландскиот Wow Air неодамна почна да нуди билети во еден правец Бостон-Париз за 99 долари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top