Хуманитарно собирна акција „Вашиот прилог значајна помош“

Како дел од активностите за одбележување на Неделата на солидарност, од денеска до 22ри април, охридскиот Црвен крст организира хуманитарно собирна акција „Вашиот прилог  значајна помош“.

 |   | 

Како дел од активностите за одбележување на Неделата на солидарност, од денеска до 22ри април, охридскиот Црвен крст организира хуманитарно собирна акција „Вашиот прилог  значајна помош“.

Целта е да се подигне нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население. Во рамките на акцијата ќе се обезбеди помош во храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина, детски играчки и парични средства, наменети за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со посебни способности од Охрид и Дебрца.  Од Црвен крст Охрид ги повикуваат охриѓани, фирмите и институциите да ја покажат својата солидарност и хуманост и масовно да се вклучат во акцијата. Материјалните добра ќе може да се донираат во просториите на Црвен крст Охрид на улицата „Димитар Влахов“ број 52, во текот на сите денови (и сабота и недела) на траењето на акцијата, во терминот од 8 до 15 часот, како и на собирните пунктови за прехрамбени производи во маркетите во Охрид. Сите хумани граѓани ќе можат да донираат доброволни прилози и кај мобилните тимови, составени од волонтери, обележени со обележја на Црвен крст Охрид, кои ќе бидат на повеќе јавни пунктови низ градот, но и преку акцијата „Од куќа до куќа“. Парични средства ќе може да се донираат и на жиро сметката на охридскиот Црвен крст со назнака за „Недела на солидарност“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top