Post Views: 0
Охрид доби современа автобуска станица на површина од 3200 метри квадратни. На свеченото пуштање во употреба покрај инвеститорот Аднан Исмаил беа присутни премиерот Зоран Заев и градоначалникот Јован Стојаноски. Истовремено беа поставени и темелите за изградба на нов трговски центар. Станува збор за домашна инвестиција вредна 7 милиони евра. Зградата со површина од 1100 метри квадратни има модерни сервисни и услужни простории со чекална, шалтери за продажба на билети, кафетерија. Терминалниот дел пак, е со површина од 2200 метри квадратни и има по 8 појдовни и дојдовни...
Post Views: 4
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве изведуваат работни активности за хортикултурно уредување на зелените површини на тротоарот на улица „Јане Сандански“, согласно проектот за реконструкција на улицата.
Се врши поставување на нов систем за наводнување на зеленилото и дрворедот, се насипува земја и ќе се врши засадување на трева.
Откако ќе бидат завршени сите подготвителни работи ќе се пристапи кон засадување на новиот дрворед.
Post Views: 0
Белиот лебед ја загуби битката со прекумерната урбанизација и девастација на охридското крајбрежје. Својот последен танц го одигра на звуците на Лебедово езеро по што беше однесен во црна врќа од пред општинската зграда. Ова е само дел од уметничкиот перформанс кој се одржа денеска пред општина Охрид во организација на граѓанската платформа Охрид СОС и здружението Стар Лагадин. Активистите со пароли и на повеќе светски јазици ги повикаа надлежните во одбрана на природното и културно богатство на Охрид и крајбрежјето. Општиот акт за с. Лагадин е дело на претходната...
Post Views: 0
Во охридската населба Кошишта утрово е спречен пожар од поголеми размери на непристапен терен. Во 10.30 минути, во ТППЕ е примен повик за интервенција на пожар во семејна куќа на улицата Вардарска.
Петмина пожарникари интервенирале со две возила на непристапен терен бидејќи станува збор за куќи кои се лепенки една до друга. Пожарот е локализиран за 15 минути, а целосно згаснат за 35 минути, информираат од охридската пожарна.За среќа во опожарената куќа е предизвикана материјална штета во само една соба со покуќнина.
Post Views: 7
Шаховскиот клуб Ласкер на градскиот кеј на отворено го доближува шахот до туристите и охриѓани. На пет шаховски табли се игра шах. Во овие летни денови гостите и мештаните имаат можност да се дружат со црнобелите полиња и шаховските фигури и да имаат спаринг партнери од охридскитe млади , но врвни шахисти. Борис Лушески, претседател на ШК Ласкер задоволен од покажаниот интерес да се игрa шах на отвoрено. Шах сакаат да играат сите почнувајќи од 7 до 77 години, а повеќето се странци додека охриѓани се ретки, напоменува Лушески. Се слушаат позитивни коментарите од гостите...
Post Views: 0
Првиот патнички авион во Кина излезе денес од монтажната лента во Шангај по седум години развој и неколку одложувања.
C919, авионот кој го произведе државниот индустриски авио конзорциоум COMAC, има 158 седишта и стандарден домет на летање од 4.075 километри.
Авионот прв пат ќе полета идната година, а потоа уште три години ќе има пробни летови пред да биде спремен за комерцијална употреба, известила официјалната новинска агенција Xinhua.
За ова летало С919 веќе има 517 нарачки од 21 клиент, соопштил COMAC, а пренесува Xinhua.
Post Views: 0
Со звуците и танцот на ориенталната турска музика во Охрид гостуваше Балканскиот караван од општина Кучукчекмеџе од Република Турција. Шеесетина уметници прикажаа дел од нивната култура на градскиот Плоштад. Покрај настапите на фолклористите и музичарите кои презентираа дел од фолклорот од разни делови на Турција меѓу кои и танцот на дервишите, можеа да се видат и изработки на калиграфија, ебру-сликање на вода, сликање на стакло или боречката вештина како што е пеливанството.
„Со настапот во неколку градови на Балканот целта ни е да ја презентираме турската култура и...
Post Views: 4
Утрово во 06 часот се појави пожар на приземјето на битолскиот Mонмартр во старата битолска чаршија, пренесуваат битолските медиуми.
Пеплосан е првиот кат каде што се наоѓаа и уметнички дела. Пожарот се прошири и на првиот спрат, но не е предизвикана голема материјална штета.
противпожарната битолска едница утрово интервенираше и спречија пожарот да ги уништи останатите 2 ката од објектот.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Грандиозна сцена, каква не е видена досега на Балканот, се поставува на стадионот Билјанини извори за третото издание на Ohrid Calling. Најдобрите светски диџеи од 1 до 4ти август ќе приредат во Охрид спектакуларна забава со нивниот препознатлив звук пропратен со специјални светлосни ефекти, многу пиротехника и огномет.
„Оваа година ги имаме водечките имиња од светската електронска сцена. На 1-ви август е водечкиот тандем моментално број еден во светот Dimitri Vegas & Like Mike, на 2ри Jax Jones и Roger Sanchez, а на 4ти август го имаме ветеранот Аrmin Van Buuren....
Post Views: 62
Контрола на здравјето на октишани. Медицински екипи денес вршеа испитување на холестерол и шекер во крвта, а воедно мереа и крвен притисок, на мештаните од Октиси струшко. Луѓето соработуваат и задоволни сме од одзивот изјави д-р Боро Пешиноски, директорот на Здравствениот дом од Вевчани.
„Овие акции се спроведуваат континуирано неколку години и има доста заинтересираност од населението, им нудиме поблиски контакт со нас. На ваквите контроли детектираме аномалии доколку ги има со цел на пациентите да им укажеме што понатаму“.
Бројката од 12 000 превентивни прегледи...
Post Views: 6
Во среда, на 01 Август 2018 година во 11.30 часот во комплексот „Village Вања Камчев“ ќе започне со работа новиот ресторан „Бистро Вилиџ“. Бистрото има мало но слатко мени, како и високо квалитетни оброци. Убедени сме дека најслатки ќе Ви бидат неверојатно ниските цени, достапни за сечиј џеб, велат од комплексот „Village Вања Камчев“.За првите посетители на денот на отворањето следува дополнителен попуст од 50% на целата храна од 12:00 до 16:00 часот, како и бесплатно кафе во текот на целиот ден.
Post Views: 0
Вакцинираните можат да заболат или да го пренесат коронавирусот, но тие не се главни преносители на болеста, како што тврди оваа објава на Фејсбук. Постот се повикува на видео изјава на претседателот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, којашто е извадена од контекст. Во видеопорака објавена на 24 ноември 2021 година на Твитер, претседателот Гебрејсус укажува дека вакцините спасуваат животи, но и дека не ја спречуваат целосно трансмисијата на вирусот, заради што апелира и понатаму да се почитуваат здравствените протоколи и превентивни мерки за заштита. Но, тој ниту во еден...