Ohrid Calling ги носи во Охрид најдобрите светски диџеи

Од 1 до 4 август на стадионот Билјанини извори, на грандиозна сцена , со светлосни ефекти, пиротехника и спектакуларен огномет, Охрид ќе пулсира со звуците на светската елита во електронската музика.

 |   | 

Грандиозна сцена, каква не е видена досега на Балканот,  се поставува на стадионот Билјанини извори за третото издание на Ohrid Calling. Најдобрите светски диџеи од 1 до 4ти август ќе приредат во Охрид спектакуларна забава со нивниот препознатлив звук пропратен со  специјални светлосни ефекти, многу пиротехника и огномет.

„Оваа година ги имаме водечките имиња од светската електронска сцена. На 1-ви август е водечкиот тандем моментално број еден во светот Dimitri Vegas & Like Mike, на 2ри Jax Jones и Roger Sanchez, а на 4ти август го имаме ветеранот Аrmin Van Buuren. Oваа година имаме и line up од светски артисти од десетина земји како и од Македонија“ – Ивана Нолчева – PR на Авалон продукција.

Охрид има светски фестивал со кој може да се гордееме, вели Денис Илиоски, од Авалон. Фестивалот привлекува многу посетители од странство, фестивалот е препознатлив и картите се барани од европски сервиси за он лајн продажба,  додава Илиоски.

„Интересот за овој фестивал е фантастичен . До лани за фестивалот продававме карти на локалните тикет сервиси  и на балканскиот ивентинг. Оваа година за прв пат се јави Eventing Europe кој што побара карти за овој фестивал и тоа е нешто фантастично не само за Охрид туку за цела Македонија. Досега имаме продажба најмногу во Белгија и Холандија, претпоставувам поради изборот на артисти кои доаѓаат од таму, но имаме продажба и во Англија, Италија и цел Балкан.“ – кажа Денис Илиоски – Авалон продукција

Фестивалот е поддржан од општина Охрид, од каде што велат дека се труделе ова лето градот да  има широка и богата понуда која ќе ги задоволи сите вкусови. Уште сега во локалната се размислува за концертната агенда за следното лето.

„За наредната година локалната има идеи и насоки како ќе се реализираат концертите. Ќе работиме на тоа да се продолжи туристичката сезона, па луѓето со време ќе ги планираат одморите за да дојдат во Охрид“ Илија Пиперкоски – претставник на општина Охрид

Ohrid calling започна во 2016 година со навистина водечки имиња како Ники Ромеро Продиџи, Ал Ди Меола, Afrojack, Hardwell, за годинава да имаме дел од  елитата на светската електронска сцена. Работиме на тоа да го срушиме митот дека концертот на Лени Кравиц бил најголем настан во Македонија, велат од Авалон продукција.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top