Post Views: 0
Претседателот на Партијата за општествен и економски напредок, ПОЕН Охрид Вахид Мемед ги повикува сите граѓани без разлика на етничка ,верска,партиска и секаква припадност ,особено мојата заедница балканските египќаните, но и сите граѓани и припадници на етничките заедници масовно да излезат на референдумското изјаснување во недела, на 30.09.2018 година и да го дадат својот придонес за развојот на европска Македонија.
Драги сограѓани ,почитувани мои Египќани,
Вашиот глас вреди, затоа што вие сте креаторите на еден силен напредок. Придобивките од членството во европската...
Post Views: 6
Коалицијата Заедно за Струга излезе со став дека новиот претседател на Советот на општина Струга треба да биде од нивните редови. Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, Перо Петкоски, објасни зошто токму ваква одлука треба да биде донесена на утрешната седница на Советот на општина Струга.
„Коалицијата Заедно за Струга на последните локални избори освои најмногу советнички места, 11, и е најголема советничка група во Советот на општина Струга. Од таму легитимно е правото, од таа коалиција да биде и претседателот на Советот на општина Струга. Со освоени над 15...
Post Views: 0
Охридски бизнисмени се сретнаа со министерот за странски инвестиции Зорица Апостолска, претставници од Фондот за инвестиции на РМ и градоначалникoт Јован Стојаноски. На средбата беа презентирани мерките од трите столба на планот за економски развој. Во првите шест месеци од годинава се чувствуваат резултатите од владините мерки за поддршка на домашната економија, кажа Апостолска. Во пораст се бруто домашниот производ од 3,1 проценти, 5,5 проценти индустриското производство, расте извозот, за околу 6 посто се зголемиле платите, ги наброја економските параметри министерката...
Post Views: 1
Охрид во знакот на најголемата црковно народна манифестација за празникот Богојавлени Водици. И покрај пандемијата, се очекува голем број верници да го следат осветувањето на водите на Охридското езеро. Од општината и Дебарско-кичевската епархија апелираат посетителите и капачите да ги почитуваат протоколите за заштита од корона вирусот.
Точно во 10 часот од Светилникот на пристаниште Дебарско- Кичевскиот митрополит г. г Тимотеј ќе го положи Светиот крст во водите на Охридското Езеро.
Богослужбите во охридските парохиски цркви ќе почнат во 7 часот наутро, а литиите...
Post Views: 1
Неконтролираното фрлање на градежен шут се` почесто создава проблеми во тековното работење на Ј.П.„Охридски Комуналец„. Граѓанската неодговорност во овој поглед е видлива на многу локации во градот и околината.
Последниот пример на кршење на Законот за јавна чистота со кој е забрането депонирање и фрлање на градежен отпад на јавни површини и во и околу контејнерите наменети за комунален отпад е на булевар „АСНОМ„. Големи количини од градежни материјали и шут завршиле околу контејнерите кои треба да им служат на граѓаните за депонирање комунален отпад.
Post Views: 0
Возило марка „Мерцедес“ се преврте вечерва на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид.
До овој момент нема потврдени информации за причините кои довеле до незгодата која се случи нешто пред 20:00 часот.
Од СВР Охрид најавуваат повеќе информации во текот на утрешниот ден.
Извор-ОхридПрес
Post Views: 8
Општина Охрид заедно со Друштвото за производство трговија и услуги О3 Инвест Скопје, го организира првиот Саемот за Вработување и Пазар на Идеи, кој ќе се одржи на 5 октомври во период од 12 до 15 часот, во непосредна близина на ТЦ АМАМ.
Придобивките од учеството на саемот се запознавање лице во лице со барателите на работа, поврзување со други работодавачи, промовирање на компанијата. Се очекува присуство од голем број на работодавачи, како и студенти кои се на крај од своите студии.
Саемот за вработување е бесплатен. Посетителите ќе бидат запознаени со начинот на...
Post Views: 2
Иако се уште немаат точна официјална бројка за посетеноста, генералниот заклучок на угостителите е дека ова лето имаше поголем број туристи во однос на лани. Од угостителскиот еснаф сметаат дека треба да се поработи на привлекување на поквалитетни гости, туристи со подлабок џеб, поголема потрошувачка моќ, кои ќе оставаат повеќе пари во градот. „Кога ќе речеме квалитативност на гостинот мислиме на неговата финансиска моќ и најдобро би било Охрид да се стекне со една клиентела која што освен овие секојдневните работи кои може да се сретнат во градот да биде посветен...
Post Views: 0
Во делови од Охрид каде што се речните корита на Грашница, Коселска и Сушица и каналите започнато е нивно чистење од наноси на тиња, песок и ѓубре. Водостојот на реките е намален и сега е најпогодно време за чистење на коритата на деловите за кои Локалната самоуправа има ингеренции, вели Томе Нанески од Фондот за Комунални дејности.
„ Започнато е чистењето на речното корито на реката Грашница на потег од улицата Туристичка до улица Железничка. Тука сме при крај со чистење. Утре завршуваме и ќе се префрлиме на каналот кај бензинската пумпа Лукоил. Потоа ќе се префрлиме...
Post Views: 7
Исламската држава (IS), која ја превзеде одговорноста за нападите во Париз во кои беа убиени 129 лица, почна како мала терористичка група кон крајот на ’90-те години, а стана позната за време на американската инвазија на Ирак.
Нападите во Париз се најсмртоносното дивјаштво на екстремисти вон исламскиот свет. САД организираше коалиција против IS во 2014 година, откако IS го окупира ирачкиот град Мосул и се прогласи за калифат на кој треба да се покорат сите муслимани, а подоцна тргна во освојувачки поход.
И покрај некои назадувања, вклучувајќи ги неодамнешните порази...
Post Views: 0
Делегација на Општина Охрид, предводена од претседателката на советот Живка Ангелоска, беше во посета на Александровц, Република Србија, на традиционалната манифестација “Жупска берба – 2018“.
Традиционалната манифестација која датира од 1963 година, се одржа во терминот од 20 – 23 септември, а учествуваа повеќе од 400 илјади гости, кои учестуваа на карневалот и дефилето на учесниците во “Жупската берба“. Посетителите имаа можност да присуствуваат и на бројни концерти, изложби и да го посетат уникатниот Музеј на винарство и лозарство.
На средбите со градоначалникот Југослав...
Post Views: 5
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука, малопродажните цени на горивата од вечерва на полноќ дапоскапат за 1 и 1, 5 денари за литар.
Така, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,5 и од утре ќе се продава за 80,5 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за 1 денар и во малопродажба ќе чини 82 денари за литар.
За половина денар се зголемува малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) кој ќе се продава за 68 денари за литар.
За еден денар поскапува и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) чија нова цена изнесува 57 денари за литар,...