Во земјава во пораст е интересот за бизнис инвестиции во разни области

 Во земјава во пораст е интересот за бизнис инвестиции во разни области. Во првата половина од годинава  економските  параметри покажуваат раст. Со влезот на земјава во ЕУ и Нато ќе се создаде  огромен пазар кој ќе е предивик за домашниот бизнис порача министерот за странски инвестиции од посета на општина Охрид. 

 |  Валентина Неловска  | 

Охридски бизнисмени се сретнаа со министерот за странски инвестиции Зорица Апостолска, претставници од Фондот за инвестиции на РМ и градоначалникoт Јован Стојаноски. На средбата беа презентирани мерките од трите столба на планот за економски развој. Во првите шест месеци од годинава се чувствуваат резултатите од владините мерки за поддршка на домашната економија, кажа Апостолска. Во пораст се бруто домашниот производ од 3,1 проценти, 5,5 проценти индустриското производство, расте извозот, за околу 6 посто се зголемиле платите, ги наброја економските параметри министерката за странски инвестиции. Апостолска потсети на важноста од евроатланските интеграции кои ќе обезбедат поволна бизнис клима во земјава.

„ Голема придобивка и влијание врз бизнис опкружувањето е стабилноста и зајакнувањето на политичката сигурност. Доколку се земат предвид економските параметри од првата половина на годинава постојано има зголемување од рекордни 327 милиони во последните 3 години. После влезот во ЕУ и Нато тој раст ќе е подинамичен и зголемен“, смета Апостолска.

Денешната сесија со претставници владата и Фондот за инвестиции се одржа со бизнис заедницата за да се запознаат со мерките од планот за економски раст од 1, 2 и 3 столб од министерството за странски инвестиции. Во моментов радува податокот што има изедначување на странските и домашните инвеститори, кажа охридскиот градоначалник кој е иницијатор за денешната средба.

„ Мерките кои владата ги презема значат изедначување на домашните и странските инвеститори. Тие се драгоцени за луѓето кои се присутни на денешната сесија. Ќе го подобрат нивниот бизнис и ќе ги направат поконкурентни со странските компании со кои имаат деловни односи. Од една страна ќе го подобрат работењето на домашниот бизнис, а од друга страна ќе ја подобрат конкурентноста и ќе ги заштитат нивните бизниси од странските компании“, напомена Стојаноски.

Во земјава во пораст е интересот за бизнис инвестиции во разни области, но и за проширување на постоечките капацитети како што е случајот со ОДВ Електрик.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top