Угостителите задоволни од изминатата туристичка сезона

Додека се чекаат официјалните бројки и статистички показатели за тоа каква сезона имавме, впечатокот на угостителите е дека летово поминале подобро од лани. Од угостителскиот еснаф сметаат дека треба да се работи на продолжување на сезоната и привлекување гости со подлабок џеб.

 |  Соња Рилковска  | 

Иако  се уште  немаат точна официјална бројка за посетеноста,  генералниот заклучок на угостителите  е дека  ова лето имаше  поголем број туристи во однос на лани.
Од угостителскиот еснаф сметаат дека треба да се поработи на привлекување на поквалитетни гости, туристи со подлабок џеб, поголема потрошувачка моќ, кои ќе оставаат повеќе пари во градот.
 „Кога ќе речеме квалитативност на гостинот мислиме на неговата финансиска моќ и најдобро би било Охрид да се стекне со една клиентела која што освен овие секојдневните работи кои може да се сретнат во градот да  биде посветен на поголемите богатства кои ги поседува  овој регион“, вели Михаил  Мишев претседател на Угостителски еснаф.

Градот треба да поработи и на подобрување на квалитетот на услугите. Особено вработените  во угостителскиот сектор, Доедукација на давателите на услугите,  за да може да одгговорат на барањата на  пребирливите гости.

„Од наша страна како рецептори на таквите гости, во смисла на едукација. Квалитатвно подобрување на начинот на давањето на услугите и тоа несомненос метам дека ќе донесе до развој на такво туризам што понатаму  сам по себе со проширување на добриот глас би придонесол за идни некои успешни сеозни“, вели Мишев.

Угосителскиот еснаф заедно со сите чинители на туризмот размислуваат за продолжување на туристичката сезона. Според нив Охрид не смее да има ограничена сезона , со природните и културно историските убавини градот   треба да има минимум 300 денови  посетеност.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top