Post Views: 7
Со свечена програма што се одржа денеска во големата општинска сала започна одбележувањето на 11 Октомври Денот на народното востание. Охрид и Македонија го одбележуваат празникот на македонскиот непокор. Во сите периоди на своето опстојување, Охрид бил дел од историските настани кои ја одредувале иднината на македонскиот народ, испишувајќи ја на таков начин сопствената историја и неспорниот придонес во градењето на европската цивилизација, истакна во своето обраќање пред присутните градоначалникот Јован Стојаноски.
„За многу одлуки во животот потребна е храброст....
Post Views: 1
На прагот од летната сезона струшките плажи кои не се издадени под концесија, се несредени. Неискосена трева, расфрлано ѓубре, недоизградени објекти, е само дел од сликата која боде очи не само на мештаните на туристичка Струга, туку и на секој посетител и гостин.
Од секторот за урбанизам Ресул Хани, кажа дека проблемите во врска со плажите долж струшкото крајбрежје се наследени, но влева надеж и убедува дека сепак во интерес на градот и туристичката сезона ќе се заложат за брзо време истите да се надминат. Инаку тој во брифинг за ТВМ потенцираше дека имаат формирано...
Post Views: 2
Во Охрид и Струга каде нема аптека со 24 часовно работно време, Приватните здравствени установи аптеки, кои имаат склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија, спроведуваат дежурства на повик или се во состојба на готовност.
Граѓаните меѓутоа реагираат дека ваквата состојба за нив претставува проблем, зошто понекогаш се проморани да чекаат до наредниот ден. „Во секој случај мислам дека пациентите имаат потреба од тоа. Лично јас ми се случило да излезам навечер и да барам аптека и секаде да е затворено. Ќе чекаме до наутро, ќе трпите“, реагираат...
Post Views: 4
Ученици, родители, наставници од ОУ „Григор Прличев“ со дводневен хепенинг се обединија заедно кон иста цел: грижа и еднаквост. По иницијатива на Советот на родители во соработка со директорот, стручната служба, наставничкиот кадар, Ученичкиот парламент и родителите беше реализиран проектот РЕТКОСТА ИНСПИРИРА.
Беше одржан хепенинг во училишниот двор насловен „Петка во боја“ во кој учествуваа децата со музички точки и родителите кои ги обоија своите дланки и оставија отпечаток на ѕидот на училиштето.
Сашко Георгиески – Претседател на Совет на родители
Само за 5% од...
Post Views: 2
Здружението за мултикултурна интеграција “Инклузија” од Охрид, домаќини на состанок со претставници од невладини организации од Србија, Хрватска, Португалија, Италија и Словачка.
Станува збор за почетна активност во рамките на Erasmus plus проектот “3Е – It’s time to act”., чијашто цел е зајакнување на претприемништво и вработливост кај младите луѓе, со помалку можности.
Една од главните активности за спроведување на проектот е реализацијата на младинскиот камп кој ќе се одржи на почетокот на месец декември во Охрид, на кој учество ќе земат...
Post Views: 1
Иако покажаа одлична игра, ракометарите на ГРК Охрид синоќа беа поразени на домашен терен од Вардар со резултат 29-31, во рамки на третото суперлигашко коло.
Најефикасни во составот на охридските ракометари беа Шилегов и Додиќ со по шест гола, Милошевиќ со пет, а Тасески со четири.
ГРК Охрид во моментов се наоѓа на четвртата позиција со 6 бодови. Во следното коло „Гладијаторите“ играат со Радовиш, на гостински терен.
Post Views: 2
Светската метеоролшка организација го координира проектот за имплементација на повеќе наменскиот систем за рано предупредување за земјите на Југоисточна Европа. Овој регион е еден од најпогодените од влијанието на глобалното затоплување, па затоа ваквиот систем би можел да значи алатка за минимизирање на штетите кои изминатиов период ги нанесува глобалното затоплување, велат од Светската Метеоролшка Организација. „Истовремено сите земји од регионов, се многу малечки, Македонија е малечка, Албанија исто така, сите земји се малечки, така да не треба да се очекува дека...
Post Views: 3
Резултатите од референдумот во Охрид покажаа дека СДСМ за само една година изгуби речиси 4000 гласови, одосно на референдумот кампањата на СДСМ ја поддржаа 14.401 граѓанин на Охрид, додека пак на локалните избори пред една година за СДСМ во Охрид гласаа 18.262 граѓани, кажа на прес конференција , Кирил Пецаков, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ. Тоа е јасен сигнал дека СДСМ ја губат поддршката кај народот, констатира Пецаков.
„Довербата кај граѓаните не може да ја добиете со притисок, закани и уцени од партиски лица кои се забележани и ќе одговараат пред органите на правдата,...
Post Views: 1
Утре, напладне во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи средба со авторката Вера Самарјанин од Битола.
На средбата ќе бидат промовирани нејзините три нaјнови дела за деца и возрасни: „Поколенија“, „Со посвета“ и „На дланка“. Промотор ќе биде д-р Борис Ангелков , а водител: Мирко Томовски, стихови ќе чита поетесата Марина Шокева.
Средбата со изведба на класични ноти на гитара ќе ја збогати младиот Немања Килибарда од Битола.
Во публиката меѓу другите ќе има и ученици од Основните училишта од Велес и Охрид на кои авторката Самарјанин ќе им подари по...
Post Views: 4
Американец кој успеа да го преживее нападот на терористите во париската сала Bataclan каде беа убиени 87 луѓе, веќе му е втор пат за влакно да ја избегнува смртта бидејќи истото му се случило и во најголемиот терористички напад на зградите близначки во Њујорк на 11 септември 2001 година.
36 годишниот Matthew во Bataclan бил погоден во нога, но се правел дека е мртов. Малку по малку, користејќи ја ситуацијата додека терористите ги полнеле оружјата, исползел до безбедно место.
“Се поместував буквално центиметар по центиметар. Во еден момент, сфатив дека сум скоро до излезот...
Post Views: 6
Со одигрувањето на натпреварите од првото коло синоќа во спортската сала „Билјанини Извори“ започна турниот во кошарка 3х3. Во групата „А“ постигнати се следните резултати: Жито леб – Охрид Холидејс 3: 15 , Комуналец – Фаворити 0: 2 и Тераса Аквариус – Ноа 9: 11.
Во групата „Б“ играа: Кентерс – МТ Интернационал 16: 4, Леарница – Дента медика 3: 15 а натпреварот помеѓу екипите на Ликвид и Општина Охрид е одложен.
На турнирот учествуваат 12 екипи поделени во две групи со по 6 екипи. Ќе играат секој со секоја а првите четири од двете групи ќе направат нова група...
Post Views: 2
Охрид е една од шесте општини која се вклучи во проектот „Спортски бон тон“ чиј покровител е претседателот на Собранието на Република Македонија Ѓорге Иванов.
Целта на овој традиционален спортски настан е да се стави акцент на спортот кај младите, кој заедно со семејството и училиштето е третиот столб на образованието на децата. Преку низа активности ќе се промовира спортот како општествена активност преку која со игра, забава и дружење на децата и младите од различна етничка припадност се надминуваат стереотипите и се зацврстуваат меѓуетничките односи во Република...