Во Охрид и Струга дежурни аптеки на повик

Во Охрид и Струга каде нема аптека со 24 часовно работно време, Приватните здравствени установи аптеки, кои имаат склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија, спроведуваат дежурства на повик или се во состојба на готовност.

 |   | 

Во Охрид и Струга каде нема аптека со 24 часовно работно време, Приватните здравствени установи аптеки, кои имаат склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија, спроведуваат дежурства на повик или се во состојба на готовност.

Граѓаните меѓутоа реагираат дека ваквата состојба за нив претставува проблем, зошто понекогаш се проморани да чекаат до наредниот ден.
 
„Во секој случај мислам дека пациентите имаат потреба од тоа. Лично јас ми се случило да излезам навечер и да барам аптека и секаде да е затворено. Ќе чекаме до наутро, ќе трпите“, реагираат граѓаните.
 
„Треба да има аптеки што ќе работат цела вечер бидејќи ова е туристичко место и луѓето имаат потреба, не само ние што живееме тука, туку и за туристите што доаѓаат.“
 
Во Охрид и Струга слична е ситуацијата и со матични лекари во вечерните часови и за време на викендите. Едноставно нема дежурни матични лекари. Поради тоа итните случаи се препраќаат во градските болници, а најтешко е со болните деца.
 Ако ништо друго треба да учиме од позитивните практики од соседните земји, велат лекарите.
 
„Тоа е страшно. На пример ако одите во Грција работат до 12 или 1 часот навечер. Има таму и дежурни лекари. Јас ги жалам колегите кои се на детско одделение. Дали да ги гледаат тешките деца кои се болни и кои сакаат интензивен надзор или да решаваат еден обичен пролив. Се знае како се решава таа работа. Треба да има еден посебен оддел кој ќе биде како дежурна амбуланта педијатриска“, изјави Никола Филев Лекар по семејна медицина од Охрид.
 
И матичните лекари велат дека фармацевтите  и институциите мора да најдат начин како да го решат овој проблем, а се тоа во интерес на пациентите.
 
„Навистина во лето има потреба од дежурна аптека, барем тоа да биде аптеката која работи во состав на Медицинскиот центар во Струга каде би можеле на друг начин да се организираат самите фармацевти, сега јас неможам да навлегувам во тоа како ќе го изведат тоа. Барем таа аптека е сепак добро да работи“, рече Хаџер Алиед – Лекар по семејна медицина.
 
Иако во минатото и во Охрид и во Струга имаше дежурни аптеки, на самиот почеток на 2013-та година, ФЗОМ донесе одлука  за градовите кои имаат помалку од 15 аптеки и помалку од 30.000 жители, да има обезбедено дежурна аптека која ќе биде достапна на повик, а информациите на кој телефон ќе може да се повика аптеката во овие градови ќе ја има на веб-страницата на Фондот, како и во дежурните служби.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top