Post Views: 5
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.А.(25) од Охрид.
На десетти овој месец, околу 00.50 часот пред угостителски објект на улица „Коста Абраш” во Охрид, пријавениот, под дејство на алкохол, со нож им се заканувал на гостите. Во обид да го спречи во заканите и да му го одземе ножот, В.Х.(43) од Охрид се здобил со повреда во пределот на раката.
Post Views: 3
Полицијата во Виена врши истрага на кој начин повеќе од 100 илјади евра во банкноти од 100 и 500 евра завршиле во Дунав и продолжиле да пловат по реката, пишува BBC.
Истрагата досега покажала дека во околината не е направено никакво злосторство ниту грабеж, рекол портпаролот на виенската полиција.
Парите кои плутале по површината на реката поттикнале едно момче да скокне во ледената река и да започне да ги собира банкнотите, но случајни минувачи помислиле дека сака да изврши самоубиство, па ја повикале полицијата. Полицијата стигнала во моментот кога момчето ги собирало...
Post Views: 4
Стариот дел на градот оваа година ќе биде дел од новогодишната бајка. На барање на жителите и сопствениците на угостителските објекти лоцирани токму таму, но и на сугестија на туристите кои минатите години празниците ги поминаа во нашиот град, Локалната одлучи годинава да ги украси со новогодишни реквизити и улиците Коста Абраш, Самоилова и Илинденска.
Поголем проблем ќе преставува овие улици да се украсат по целата должина поради амбиентот, но и поради технички потешкотии, но секаде каде има можност за украсување тоа ќе биде направено, вели Томе Џамтоски-портпарол на...
Post Views: 0
Министерството за внатрешни работи на Република Македонија е домаќин на Регионалната конференција посветена на темата “Методологија за оценување на кандидатите при основна полициска обука“ што од денес до 19-ти месецов ќе се одржи во Охрид.
На конференцијата ќе учествуваат повеќе претставници од центрите за полициска обука на Македонија, Србија, Грција, Бугарија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Турција како и преставници на САД и ЦЕПОЛ.
На средбата, претставници на полициите на земјите од регионот ќе презентираат и разменат искуства...
Post Views: 4
Охрид има неповолен тренда на природен прираст на населението, покажуваат статистичките податоци по социјална медицина од Центарот за јавно здравје. Во анализираниот 5 годишен период од 2012 до 2017 година во градот има загрижувачки однос помеѓу наталитетот и морталитетот. Се евидентира најниска стапка на раѓање ,а највисока стапка на смртност со 12, 8 на 1000 жители, информира д-р Даниела Чингоска специјалист по социјална медицина и јавно здравје.
„ Во 2012 година во регионот стапката на природен прираст изнесува 1,5 на 1000 жители , а во 2017 година се намалува на...
Post Views: 0
Отворен ден во ФЗО, Струга. Осигурениците остварија директни средби со претставниците на Фондот за здравствено осигурување од подрачната единица како и со Бојан Цветковиќ, директорот на Секторот за управување со човечки ресурси. Цветковиќ покрај што бил запознат со работата на службите, пријатно бил изненаден како што и самиот кажа од коментарите на осигурениците кои изразиле задоволство од работата на подрачната единица во Струга во секој поглед.
„Фондот е транспарентен, отворен во секое време за секое прашање, можам да ги кажам и тел броеви кои можат да ги свртат...
Post Views: 1
Во општина Охрид семејното насилство и понатака е сериoзeн општествен проблем. Жените и децата се најчесто жртви на семејното насилство , информираат од Женскиот центар Бисера кои на сензибилизација на оваа тема работат повеќе од 24 години.
„ Насилството сеуште зема голем замав иако се направени големи напори од НВО и институциите работат на тоа. Овој проблем постоел , постои и ќе постои. Но, наша задача како НВО е да направиме превенција да ја подигнеме свеста со години наназад ежработием на тоа јавно да се зборува. Залудно е ако ние говорием ,а жените таат и молчат...
Post Views: 3
На 02.03.2022 година во 07.30 часот во СВР Охрид приведен е Ј.Ѓ.(36) од Охрид, кој, претходно, во угостителски објект лоциран на улицата „15 корпус” во Охрид го нарушил јавниот ред и мир и бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 9
Вандалски чин повторно резултираше со откорнати корпи за отпадоци во градскиот парк и во близина на плоштадот Крушевска Република.
Неодамна Ј.П.„Охридски Комуналец„ неодамна издвои средства за набавка на нови садови за депонирање на ситен отпад со современ дизајн, и истите беа поставени на неколку локации низ централното градско јадро, а веќе истите почнаа да се уништуваат. Оштетена е корпа во близина на плоштадот Крушевска Република која насилно е откорната од своето лежиште и друга корпа пред споменикот „Св.Кирил и Методиј“.
Во изминатиов период во повеќе наврати се...
Post Views: 2
Во време на пандемија се реновираат старите објекти на Јавната детска општинска установа Јасна Ристеска. Реконструирани се крововите на објектот Росица, а од неодамна завршен е покривот и на објектот Билјана со средства со буџет од Јавната детска општинска установа „Јасна Ристеска“, информира Мери Рилковска, директорка на установата. За следната година се планира да се замени уште кровот на објектот Лихнида. Градинките добија нова дограма, се променија вратите и прозорците, посочува Рилковска.
Скоро е се завршено со исклучок на економскиот дел во два објекти. Додека...
Post Views: 0
Античкиот театар со нов лик. Ова е замисла на студентите од четврта година на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје кои како проектна задача изработија проекти за ревитализација на охридскиот Антички театар. Нивните замисли и идеи денес беа поставени на изложбата со наслов „Ревитализација на Античкиот театар во Охрид“ во Центарот за култура Григор Прличев.
Станува збор за центар за посетители што би претставувал туристичка поддршка, каде би имало просторија каде би се оддржувале предавања, мал музеј како и простории за поддршка на...
Post Views: 4
Вработените во 12 охридски основни и средни училишта денеска ја добија октомвриската плата. Исплатата беше блокирана откако Министерството за финансии не ги префрлило потребните средства за плати на сите вработени во училиштата поради проблем во пресметувањето на платата на секретарите во училиштата. Имено со одлука на совет донесена во април годинава платите на секретарите се пресметувале според Законот за административни службеници а не според колективен договор како дотогаш. Министерството за образование на ваквиот метод на пресметка изреагирало дури во месец октомври...