Продолжуваат вандалските чинови во Охрид, сега на мета е урбаната опрема

Вандалски чин повторно резултираше со откорнати корпи за отпадоци во градскиот парк и во близина на плоштадот Крушевска Република.

 |   | 

Вандалски чин повторно резултираше со откорнати корпи за отпадоци во градскиот парк и во близина на плоштадот Крушевска Република.

Неодамна Ј.П.„Охридски Комуналец„ неодамна издвои средства за набавка на нови садови за депонирање на ситен отпад со современ дизајн, и истите беа поставени на неколку локации низ централното градско јадро, а веќе истите почнаа да се уништуваат. Оштетена е корпа во близина на плоштадот Крушевска Република која насилно е откорната од своето лежиште и друга корпа пред споменикот „Св.Кирил и Методиј“.

Во изминатиов период во повеќе наврати се оштетени корпи, клупи и украдени се или оштетени садници. Од јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ апелираат за поцивилизиран однос и совесно однесување кон урбаната опрема.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top