Локланата годинава новогодишно ќе го украсува и стариот дел на градот

Локланата годинава новогодишно ќе го украсува и стариот дел на градот. На барање на жителите и сопствениците на угостителските објекти лоцирани токму таму, но и на сугестија на туристите кои минатите години празниците ги поминаа во нашиот град, новогодишни реквизити ќе се постават на улиците Коста Абраш, Самоилова и Илинденска. Украсувањето треба да заврши во првата половина на месец декември.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Стариот дел на градот оваа година ќе биде дел од новогодишната бајка. На барање на жителите и сопствениците на угостителските објекти лоцирани токму таму, но и на сугестија на туристите кои минатите години празниците ги поминаа во нашиот град, Локалната одлучи годинава да ги украси со новогодишни реквизити и улиците Коста Абраш, Самоилова и Илинденска.

Поголем проблем ќе преставува овие улици да се украсат по целата должина поради амбиентот, но и поради технички потешкотии, но секаде каде има можност за украсување тоа ќе биде направено, вели Томе Џамтоски-портпарол на Општина Охрид.

Оваа година новогодишното украсување на градов започна порано од вообичаеното. Надлежните служби на општина Охрид уште од пред два дена се на терен и ги монтираат украсите. Ѕвезденото небо повторно ќе блесне над чаршијата и плоштадот „Св. Климент Охридски“ , а градските паркови ќе бидат накитени со новогодишна лед мрежа. На соодветни локации во центарот на Охрид ќе бидат поставени новогодишните украси:пакет, лампион и елен. На плоштадот „Св.Климент Охридски“ ќе биде поставена голема новогодишна елка. Кружните токови кај Охридска Банка и гимназијата „Св. Климент Охридски“ ќе бидат разубавени со новогодишни фонтани. Улиците „Македонски просветители“ и „Македонија“ кај истоимениот кеј ќе бидат украсени со новогодишни топки и мразулци, а „Туристичка“ со новогодишни украси во вид на снегулки.Од Локланата најавуваат и нови украси кои ќе го разубавуваат градот за празниците.

Во форма можеби или во она што ќе се понуди како реквизит ќе биде ново и квантитативно и во квалитет. Ние како Локална самоуправа секоја година го зголемуваме фондот на нови реквизити, вели Џамтоски.

И годинава покрај централното, ќе бидат накитени и периферните делови на градот со постоечките реквизити кои се сопственост на општина Охрид. Украсувањето го врши фирмата Метал Ват од Скопје и според планираното треба да заврши во првата половина на месец декември. За таа намена општината од својот буџет издвои 1 милион и 500 000ден.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top