Драстично опаѓа стапката на природниот прираст на населението во Охрид

Драстично опаѓа стапката на природниот прираст на населението во Охрид . Загрижува негативната стапка на природниот прираст. Охрид во земјава има најниска стапака на наталитет, а највисока стапка на морталитет.

 |  Валентина Неловска  | 

Охрид има неповолен тренда на природен прираст на населението, покажуваат статистичките податоци по социјална медицина од Центарот за јавно здравје. Во анализираниот 5 годишен период од 2012 до 2017 година во градот има загрижувачки однос помеѓу наталитетот и морталитетот. Се евидентира најниска стапка на раѓање ,а највисока стапка на смртност со 12, 8 на 1000 жители, информира д-р Даниела Чингоска специјалист по социјална медицина и јавно здравје.

„ Во 2012 година во регионот стапката на природен прираст изнесува 1,5 на 1000 жители , а во 2017 година се намалува на 0,5 на 1000 жители.Она што згарижува е стапката на природен прираста или раст на населението на охридското подрачје кое неколку години е негативно. Во 2012 се движи од -0,02 на 1000 жители, а во 2017 година имаме стапка од -3,6 на 1000 жители. Има 3,6 умирања на 1000 жители повеќе од колку раѓање на охридското подрачје“, укажува д-р Чингоска.

Стапката на наталитет во Република Македонија е 10,5 на 1000 жители што е показател дека во регионот има помала стапка на наталите спореден со републичкиот. Во аналзираниот 5 годишен период стапката на наталитет во регионот имала постојана тенденција на опаѓање. Па, така во 2010 стапката изнесувала 10,5 на 1000 жители, а во 2017 достигнала 9,5 на 1000 жители, напоменува д-р Чингоска.

„ Морталитетот пресметан како стапка на општа смтнсост во 2012 и 2017 изнесува 9 за регионот на 1000 жители.Спротивно на наталитетот , стапката на морталитетот е највисока онаму каде што стапкат на натлиетт е најниска во Охрид“, подвлекува д-р Чингоска.

Од Центарот за јавно здравје кое покрај Охрид ги покрива и општините Дебрца, Струга, Вевчани и Дебар информираат дека во регионот на Дебар се бележи највисока стапка на наталитет со 9,8 на 1000 жители, следува Струга со стапка која изнесува 9,6 на 1000 жители, а во Охрид стапката на раѓање е 9,2 на 1000 жители.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top