Од ЈП Билјанини извори донираа храна за сограѓаните во социјален ризик Божик

Post Views: 2 Од ЈП Билјанини извори донираа храна за сограѓаните во социјален ризик да имаат празнична трепза на Божик. Во донаторската акција со палета од производите им се приклучија пекарниците Жито леб и Феникс, како и слаткарницата Палма. Пакетите со храна беа поделени во Народната кујна каде што социјално загрозените сограѓани добиваат храна од понеделник до петок. Оваа акција е за прв пат, а нашата намера е во иднина да ги мотивираме и другите компании да бидат хумани и да помислат на луѓето кои живеат на работ на езгистенција, вели Гордана Јованоска директор на ЈП Билјанини...

Continue reading

Диви трки, брзо возење на мотори низ Охрид

Post Views: 14 Од на пролет па до на есен додека е убаво времето на улиците во голем број се присутни мотоциклистите, а со тоа и проблемите поврзани со оваа категорија учесници во сообраќајот. Во доцните ноќни часови, се забележува голема бучава од мотоцикли (мотори) кои ги возат млади луѓе. Бучавата доаѓа оттаму што тие заради мода или престиж ги турираат своите мотори со цел да предизвикаат што поголема бучава. За таа цел, некои дури го отстрануваат и ауспухот од својот мотор затоа што тој ја пригушува бучавата. Сведок сум на ноќни тури на бучни моторџии кои понекогаш не запираат...

Continue reading

Три објекти од културното наследство ќе бидат приоритет за заштита

Post Views: 10 НУ Завод и Музеј од Охрид со низа проекти ќе продолжи во заштита на културното наследство. Се подготвуваат проекти со кои ќе аплицира до ресорното министерство. Меѓу бројните проекти акцент е ставен на три значајни проекти. Од нив два објекти се прогласени со Решение за културно добро во опасност, а станува збор за Св. Богородица Челница и Римската бања на Плаошник. Ќе се работи и на започнатиот проект за ревиталзиација на Самоиловата тврдина, информира Елеонора Новаковска, директор на НУ Завод и Музеј. „ Ќе добиеме средства од Министерството за култура за да го реализираме...

Continue reading

Продолжен рокот за регистрација во системот на УЈП за персонален данок

Post Views: 2 Сите граѓаните кои не се регистрираа до 31-ви декември минатата година во системот на Управата за јавни приходи за персонален данок, ќе може тоа да го направат и во текот на оваа година. Од Управата велат дека целта не е да казнуваат, па нема да вратат ниту еден граѓанин кој сака да се регистрира, но не се пријавил на време. Даночниците ќе се обидат да стапат во контакт и со тие кои воопшто не покажале интерес. – До 31.12.2018 година се регистрирани над 650.000 граѓани, но тоа не е конечната бројка. Задоволни сме од одзивот на граѓаните, кој е речиси 100 процентен. Системот...

Continue reading

Антонио доби чек од 10 000ден.

Post Views: 6 Антонио е првото бебе родено во новата година во Охрид. Денес вршителот на должност градоначалник Константин Георгиески го даруваше новороденчето со вредносен чек од 10.000 денари и пригодни подароци, упатувајќи и` честитки на дваесетгодишната мајка Софија Бимбилоска, на која ова и е прво дете. Искрено упатувам честитка до среќното семејство Бимбилоски за најубавиот дар од Бога што го добија во новата 2019 година. На малиот Антонио му посакувам добро здравје, долг живот проследен со многу среќа и радост. Децата се нашата иднина, нема човек кој не се разнежнува кога ќе...

Continue reading

Австралија: Најпродаван подарок за Божик е персонализирана Nuttela

Post Views: 1 Стаклена тегла со името на примателот на етикетата е хит изненадување за овој Божик и најпродаван производ во продавниците во Мелбурн. Една од најголемите трговски продавници во Австралија, Myers, за време на божиќните купувања во државата Викторија, продала повеќе од 400.000 персонализирани тегли на овој омилен производ за мачкање од лешник и чоколада. На етикетата, наместо црвено-црното лого Nuttela, можело да се напише било кое име или фраза. “Тоа е идеален подарок за оној за кого е тешко да се одбере подарок, но и за оние кои веќе имаат сè. Ова со сигурност го немаат”,...

Continue reading

Во тек е обука на педесетина спасители на планина

Post Views: 0 Центарот за спасување на планина организира обука за спасители . Пријавени се педесетина алпинисти и планинари од Охрид, Ресен, Вевчани, Струга и Дебрца. За едукација се задолжени инструктори од Алпинистичката Федерација на Македонија. По завршување на стручните обуки тие ќе бидат дел од логистички тим за интервенции во ризични ситуации на планина. Центарот за спасување кој во моментов брои петнаесет обучени алпинисти ќе се засили со нови членови. Се очекува Центарот во новиот објект да биде во функција до крајот на месец март. Во охридскиот алпинистички клуб има 20...

Continue reading

alkoholi

Ново време за продажба на алкохолни пијалоци

Post Views: 2 Алкохолните пијалоци од денес во трговските објекти ќе се продаваат од шест до 19 часот. Продолженото време на продажба на алкохол, односно до 21 часот, траеше од мај до крајот на септември. За оние кои нема да го почитуваат законското решение за продажба на алкохол се предвидени казни како забрана за вршење на дејноста во траење од седум или 15 денови и парична казна до пет илјади евра.  {loadposition content9}

Continue reading

Охриѓани и гостите во весела атмосфера ја испратија старата и ја дочекаа новата година

Post Views: 1 Охридскиот плоштад полн со посетители за организираниот дочек на Нова 2019 година. Температурата на воздухот која беше под нулата не ги попречи посетителите најлудата новогодишна ноќ да ја поминат на забава на отворено. Охриѓани и гостите во весела атмосфера на градскиот плоштад ја испратија старата и ја дочекаа новата година и си посакаа желби во новото лето. За забавувата на плоштадот се погрижија охридски музичари и бендови. Ѓоко Танески, Жармена, Бетис бупс, Бекдор бенд и диџеј Петар се погрижија за загревање на новогодишната атмосфера и незаборавна забава за посетителите. „...

Continue reading

drim struga

Струга интензивно ќе го развива риболовниот туризам

Post Views: 7   Концесионерот на реката Црн Дрим, Пастрмка – Струга отпочна со издавање на дозволи за риболов. Секој граѓанин од земјава и надвор од неа кој сака рекреативно да лови риба треба да исполни два услови за да дојде до потребната дозвола, вели претставникот на концесионерот на реката Црн Дрим Емил Матоски. Тој нагласи дека сите оние кои ќе извадат дозвола, помагаат во заштитата на риболовниот ревир на реката Црн Дрим. „Дозволата за нашиот риболовен ревир изнесува 1100 денари, но претходно треба да биде регистриран член на риболовната федерација, што со чланарина во...

Continue reading

Релативно мирна празнична вечер на одделението за итна медицинска помош во Охрид

Post Views: 26 Од одделението за итна медицинска помош велат дека изминатата празнична ноќ поминала невообичаено мирно. ОСвен неколку пијани лица и повредените во тепачката, други посериозни интервенции немале. Др. Ана Неделкоска, началник на одделението, вели дека според нивното искуство, најмногу интервенции се очечкува да имаат вечерва. „Претходната ноќ беше релативно мирна, имавме хронични пациенти, неколку пијани лица, една тепачка, воглавно беше мирна вечер. Се надевам дека и наредните денови ќе бидат мирни како таа“.Обично втората вечер имаме најмногу работа, претходниве години,...

Continue reading

Вакцинираните не добиваат свој број и нема докази дека за неколку години ќе паѓаат како мушички

Post Views: 1 Не е точно дека на лицата коишто се вакцинирани против ковид-19 им е доделен каков било број и тоа од сопствено искуство им е познато на сите кои се вакцинираа во Северна Македонија. Граѓаните кои решаваат да се вакцинираат, потпишуваат изјава со писмена согласност и не добиваат број. На нивниот вакцинален сертификат единствено се впишани бројот на серијата и производителот на вакцината, како и датумот на аплицираната доза. Што се однесува на тврдењето на свештеното лице дека за две до три години луѓето кои примиле вакцина ќе починат и ќе паѓаат на улиците, по што свештениците...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top