Релативно мирна празнична вечер на одделението за итна медицинска помош во Охрид

Од одделението за итна медицинска помош велат дека изминатата празнична ноќ поминала невообичаено мирно. ОСвен неколку пијани лица и повредените во тепачката, други посериозни интервенции немале.

 |   | 

Од одделението за итна медицинска помош велат дека изминатата празнична ноќ поминала невообичаено мирно. ОСвен неколку пијани лица и повредените во тепачката, други посериозни интервенции немале. Др. Ана Неделкоска, началник на одделението, вели дека според нивното искуство, најмногу интервенции се очечкува да имаат вечерва.

„Претходната ноќ беше релативно мирна, имавме хронични пациенти, неколку пијани лица, една тепачка, воглавно беше мирна вечер. Се надевам дека и наредните денови ќе бидат мирни како таа“.Обично втората вечер имаме најмногу работа, претходниве години, првата вечер беше доста работна, оваа година за чудо беше мирна, а инаку од искуство знаеме дека вечерва ќе биде поработно, имаме зголемен интензитет на работа, не работат матичните лекари, па така сите хронични болни и гости од страна се кај нас“, вели Др. Ана Неделкоска – началник на Одделение за итна медицинска помош.

Поради студенито бран кој викендов треба да ја зафати нашата земја, вклучително и Охрид, од Одделението за итна медицинска помош со преораки до хроничните болни, да внимаваат, редовно да ја земаат терапијата, да внесуваат храна богата со витамини и да бидат на топло.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top