Во тек е обука на педесетина спасители на планина

 Се очекува Центарот за спасување на планина  да биде  во функција до крајот на март.  Врвот Магаро на планината Галичица најпривлечен  за алпинистите и планинарите. Патниот правец  за Галичица и оваа сезона затворен за сообраќај. 

 |  Валентина Неловска  | 

Центарот за спасување на планина организира обука за спасители . Пријавени се педесетина алпинисти и планинари од Охрид, Ресен, Вевчани, Струга и Дебрца. За едукација се задолжени инструктори од Алпинистичката Федерација на Македонија. По завршување на стручните обуки тие ќе бидат дел од логистички тим за интервенции во ризични ситуации на планина. Центарот за спасување кој во моментов брои петнаесет обучени алпинисти ќе се засили со нови членови. Се очекува Центарот во новиот објект да биде во функција до крајот на месец март. Во охридскиот алпинистички клуб има 20 -тина членови, но голем е бројот на планинари и рекреативци кои сакаат да престојуваат на планина. За нивна безбедност е потребно функиониарње на спасителна служба, информира Антонио Додевски претседател на АК Патагонија.

„Се повеќе луѓе секојдневно се стремат да се движат на планина. Она што алпинизмот го прави специфичен е што е потежок и понапорен со сериозна едукација и и опрема и малку е застапен во РМ, “кажува Додевски.

Со оформување на Служба за спасување на планина ќе се зголеми и безбедноста на спортистите и рекреативците кои во се поголем број се искачуваат на околните врвови на планините Галичица и Јабланица. Додевски кажува дека еден од локалитетите кој го посакуваат и алпинистите и планинарите да го имаат во своја близина и да тренираат е врвот Магаро на Галичица.

„ Во Охрид од сите локалитети кои ги имаме во основа служат за тренинг.Како тренинг локалитет во зимскиот период е врвот Магаро и пределите околу врвот. Тука има фантастични услови за качување и микс од карпи и снег“, вели Додевски.

За жал, рекреативците и оваа сезона нема да можат да го користат патниот правец Охрид – Отешево. Затворен за сообраќај е правецот кој води низ планината Галичица. Во моментов на планискиот пат нема снег но е ризичен за сообраќај затоа што има мраз.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top