Три објекти од културното наследство ќе бидат приоритет за заштита

Меѓу позначајните проекти на кои ќе се работи во 2019 година примат е ставен на црквата Св. Богородица Челница и Римската бања на Плаошник. На Самоилова тврдина ќе се продолжи со започнатите зафати за ревитализација на просторот.

 |  Валентина Неловска  | 

НУ Завод и Музеј од Охрид со низа проекти ќе продолжи во заштита на културното наследство. Се подготвуваат проекти со кои ќе аплицира до ресорното министерство. Меѓу бројните проекти акцент е ставен на три значајни проекти. Од нив два објекти се прогласени со Решение за културно добро во опасност, а станува збор за Св. Богородица Челница и Римската бања на Плаошник. Ќе се работи и на започнатиот проект за ревиталзиација на Самоиловата тврдина, информира Елеонора Новаковска, директор на НУ Завод и Музеј.

„ Ќе добиеме средства од Министерството за култура за да го реализираме проектот. Акцентот е на уредување на партерот, оградите, поставување на патокази, натписи и заживување на летната сцена на Самоиловата тврдина“, кажува Новаковска.

Од Завод и музеј ќе се посветат на поголема промоција на музејските соджини. За да се зголеми посетеност на Етнолошкиот музеј, Златната соба и Галеријата на икони од музејот најавуваат соработки со странските туроператори и со охридските училишта.
„ Во иднина плановите се да се направат меморандуми за соработка. Посета на музеј со присуство на кустос да биде вклучена во наставната програма на училиштата. Во таа насока планирам да воспоставам контакти со основните и средните училишта“, потенцира Новаковска.

Според анализите за посетеност на музеите во Охрид првото место и припаѓа на Самоиловата тврдина, а веднаш потоа следува Заливот на коските. И понатака мала е посетеноста на Галеријата на икони.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top