Post Views: 4
Урбанизацијата е најголема закана за уникатните природни вредности на националниот парк Галичица и за статусот на градот под заштита на Унеско, тврдат од Галичица. Закана за природните убавини доаѓа од изградбата на нелегални викенд куќи на целата територија на паркот иако се сметаше дека на удар заштитеното подрачје е од бесправната сеча на шума, информира Андон Бојаџи од НП Галичица.
„ Ви тврдам дека поголема закана за природните вредности за паркот е урбанизацијата отколку бесправната сеча. Во сите случаи кога имало бесправна градба и узурпација на државниот имот...
Post Views: 1
Струга ја подобрува хигиената. Сега речиси и не може да се забележи неподигнат смет од контејнерите или расфрлан смет по улиците. Повеќето од граѓаните кои ги анкетиравме беа задоволни од грижата на ЈП Комунално Струга, за хигиената во градот.
Првиот човек на ЈП, Гарип Каба, вели дека со домаќинско работење и соработка со граѓаните, веќе резултатите биле видливи. Но според него тоа не е доволно и треба уште повеќе да се залагаат за градот да светне во пресрет на туристичката сезона.
Каба не крие дека на почетокот од преземањето на неговата обврска како директор, јуни...
Post Views: 2
Двете најголеми политички партии почнаа со осмислување на стратегијата за тоа како да се направи вистинскиот избор за кандидат за иден градоначалник на Охрид. И додека се чека објавување на датумот за одржување на предвремените локални избори, влегуваме во период на партиски консултации, анализи и анкети. Од редовите на СДСМ најчесто споменувано име е она на актуелниот в.д градоначалник, Константин Георгиески. Георгиески кој по професија е лекар, вели дека станува збор за сериозна и одговорна одлука, за која треба добро да се размисли. Мислењето на членството на партијата...
Post Views: 0
Технолошкиот гигант Фејсбук, неодамна преименуван во Мета е „најлошата компанија” во светот за 2021. Ова е утврдено по гласањето на повеќе од 1.500 корисници на отворена анкета на Јаху Фајненс (Yahoo Finance).
Корпорацијата на Марк Закерберг доби над 50 отсто од гласовите за најлоша компанија во годината, а на второ место е кинескиот гигант на електронска трговија Алибаба.
Добивањето на придавката „најлоша” за Фејсбук најмногу се должи на тоа што корисниците на таа социјална мрежа се жалат на цензура и проблемот со дезинформациите, посебно во однос на коронавирусот.
Дел...
Post Views: 1
На 24 јануари оваа година околу 06 часот и 30 минути, во близина на струшкото село Радожда, при излегување од пловен објект од водите на Охридското езеро, затекнати се Д.С.(55) и Т.Н.(24), двајцата од селото Радожда.
Притоа, во пловниот објект пронајдени се рибарски мрежи, средство за риболов „САК“ како и друга риболовна опрема. Истите се одземени а по целосно документирање на настанот, согласно Законот за рибарство и аквакултура, против Д.С. и Т.Н. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Post Views: 11
Државниот Завод за статистика информира дека од вчера во просториите на Реонската пописна комисија, која се наоѓа во зградата на Општина Охрид, граѓаните кои од разни причини не биле пронајдени од попишувачите, а и оние кои наредните денови нема да бидат во своите домови, можат да дојдат и да се попишат.
Овие граѓани, своето доаѓање за попис во зградата на Општина Охрид, треба да го најават на тел: 070/944-576 , како би се избегнала непотребна гужва и губење на време.
Од Државниот Завод за статистика напоменуваат дека ова важи само за лицата каде попишувачот веќе поминал...
Post Views: 1
Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Охрид Сашо Донев, го повика в.д. градоначалникот Константин Георгиески, да одговори кој овозможил исплата на финансиски средства, од Буџетот на РМ, на лица, кои не се баратели на штети. Претседателот на О.К истакна дека Георгиески наместо ставбилна и услужна општина за сите граѓани, дозволил неа да ја тресе финансиски земјотрес.
„Дали е точно дека спротивно на закон се исплатени парични средства на име надомест на штета од земјотрес во износ од над 30.000 денари, на лицето Илија Пиперкоски, шеф на кабинет на градоначалникот, кој е...
Post Views: 0
Славчо Ковилоски (Скопје, 1978) е македонски поет, прозаист и книжевен историчар. Автор е на една збирка раскази („Лоша тетка и други раскази“), две монодрами („Синот на Волкашин“ и „На Ножот“), три збирки поезија („Сонцето повторно ќе изгрее“, „Поезија во движење“ и „Барутна поезија“), три романи („Опасен сум“, „Сонување“ и „Синот на Кралот“) и повеќе монографии од областа на книжевноста, историјата и културологијата. Имал повеќе настапи и предавања за урбаната култура во ширум земјата, како и во странство (Њујорк, Загреб, Белград, Софија).
Преведуван е на повеќе европски...
Post Views: 1
Промотивната цена за стартниот пакет за рекреативната трка на 5 километри и тим билдин трката изнесува 400 денари, а за трката на 10 километри стартниот пакет чини 700 денари.
Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите, сите за Спорт“ подготвува многу изненадувања и новини за третото издание кое повторно треба да ги помести границите во нашата земја.
Повеќе информации околу пријавувањето и новостите на Охрид Трчат можете да најдите на официјалната интернет страна (ohridtrcat.mk).
На следниот линк имате видео од впечатоците на учесниците од второто издание на Охрид трчаТ....
Post Views: 4
Развојот на технологијата во финансиската индустрија и банките може да резултира со голем број на откази во банкарскиот сектор и во следните десет години без работа би можеле да останат околу 50% од вработените во банките ширум светот, а нивните задачи ќе ги заменат апликации и алгоритми. “Тоа ќе биде болно” коментирале на Business Insider во неодамнешната најава на поранешниот извршен директор на Barclays, Antony Jenkins, кој предупреди на големите проблеми кои се закануваат на оваа индустрија, а спрема едно истражување со него се сложуваат повеќе од една четвртина...
Post Views: 2
Општина Охрид упатува апел до сопствениците на угостителските објекти кои не ги подмириле обврските за краткотраен закуп на градежно земјиште тоа да го сторат во најскоро време затоа што во спротивно ќе бидат санкционирани од соодветните инспекциски служби и не ќе може да поднесуваат барања за тековната година.
Износите кои треба да се платат се определени според квадратурата на проектот за поставување урбана опрема, согласно договорите кои ги склучиле.
Општина Охрид има издадено околу 38 одобренија за угостителски објекти за користење на градежно земјиште за 2018 година,...
Post Views: 1
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија четврток, 23-ти октомври 2014 година се прославува Денот на Македонската Револуционерна Борба и истиот е неработен ден за сите граѓани во Република Македонија.
Инаку според Програмата за неработни денови во 2014 година, на 1-ви ноември 2014 година, католичките верници го прославуваат Празникот на сите светци и истиот ден е неработен ден за припадниците на католичката вероисповед.
{loadposition content9}