• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид: На шефот на кабинетот на градоначалникот на Општина Охрид, спротивно на закон му се исплатени парични средства како надомест за штетите од земјотресите

ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид: На шефот на кабинетот на градоначалникот на Општина Охрид, спротивно на закон му се исплатени парични средства како надомест за штетите од земјотресите

Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид овбинуваат дека на шефот на кабинетот на градоначалникот на Општина Охрид, спротивно на закон му се исплатени парични средства како надомест за штетите од земјотресите, иако тој не бил подносител на барањето.  Од в.д градоначалникот побараа да бидат вратени назад исплатените без основ парични средства.

 |   | 

Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Охрид Сашо Донев, го повика в.д. градоначалникот Константин Георгиески, да одговори кој овозможил исплата на финансиски средства, од Буџетот на РМ, на лица, кои не се баратели на штети. Претседателот на О.К истакна дека Георгиески наместо ставбилна и услужна општина за сите граѓани, дозволил неа да ја тресе финансиски земјотрес.

„Дали е точно дека спротивно на закон се исплатени парични средства на име надомест на штета од земјотрес во износ од над 30.000 денари, на лицето Илија Пиперкоски, шеф на кабинет на градоначалникот, кој е надворешно лице ангажирано во Општина Охрид иако не е подносител на барање за причинета штета од земјотресите во Охрид?“ праша Сашо Донев – претседател ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид со совет в.д. градоначалникот Георгиески, доколку работи во интерес на граѓаните да побара од Пиперкоски да ги врати назад исплатените без основ парични средства.

„СДСМ и Георгиески се однесуваат како општината да е нивна приватна фирма па исплатата на штети оди по партиска основа. За овој криминал од страна на ВМРО-ДПМНЕ тие мора да сносат одговорност, затоа што најмногу страдаат охриѓани кои и после две години не зеле пари за да ги санират објектите“ рече Сашо Донев – претседател ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Донев кажа дека охриѓани мора да знаат најтранспарентно кој колку пари зел за оштета и дали исплатите се вршат на лица кои од позиција на моќ даваат налози за такви исплати.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top