На охриѓани им претстои политичка изборна пролет

И додека се чека објавување на одлуката на владејачката партија дали ќе има  предвремени парламентрни заедно претседателските избори, во Охрид, партиите калкулираат во изборот на свој кандидат за иден градоначалник.

 |   | 

Двете најголеми политички партии почнаа со осмислување на стратегијата за тоа како да се направи вистинскиот избор за кандидат за иден градоначалник на Охрид. И додека се чека објавување на датумот за одржување на предвремените локални избори, влегуваме во период на партиски консултации, анализи и анкети. Од редовите на СДСМ најчесто споменувано име е она на актуелниот в.д градоначалник, Константин Георгиески. Георгиески кој по професија е лекар, вели дека станува збор за сериозна и одговорна одлука, за која треба добро да се размисли. Мислењето на членството на партијата ќе има големо влијание во донесување на истата.

„Тешко е за мене да размислувам во таа насока иако доколку би се одлучил на еден таков потег тоа пред се би било од почит кон човекот којшто прв ми даде доверба. Сепак тоа е процес којшто следува во периодот кој ни предстои. Ке следат партиски консултации, носење на одлуки.Доколку партијата и членството го побараат тоа од мене ќе биде тоа една лична одлука околу која ќе треба добро, добро да се размисли“ вели Константин Георгиески – в.д градоначалник Општина Охрид.

Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид Сашо Донев, за сега категоричен, вели дека има време и опозициона партија ќе чека на објавувањето на датумот за избори.

„Во моментов се вршат анализи, анкети и мерења на рејтингот на одредени личности, меѓутоа сеуште е рано да излеземе со официјално соопштение за изборот на кандидат, бидејќи сеуште не се распишани изборите има сеуште подолг временски период за избор на кандидат за градоначалник“ категоричен е Сашо Донев – претседател на О.К. ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Охриѓани напролет кога ќе треба да го изберат новиот градоначалник ќе глaсаат и за шеф на државата. Од владеачката партија најaвуваат дека многу брзо треба да се знае дали со претседателските избори на пролет, ќе се одржат и предвремени парламентарни.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top