Post Views: 1
Швајцарската авиокомпанија „Edelweiss“ објави дека од 6-ти април годинава ќе лета два пати неделно на линијата Цирих-Охрид и обратно.
„Edelweiss“ ќе сообраќа на новата линија од Цирих до аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, секоја сабота, а од јули до август и секој вторник.
Линијата ќе ја опслужува со авион од типот Airbus А 320.
На македонскиот пазар „Edelweiss“ веќе оперира од „Меѓународниот аеродром Скопје“ од каде лета до Цирих и обратно.
Post Views: 1
Инвеститорите би можеле да се соочат со катаклизмична година во која пазарот на акции би можел да падне за 20%, а цената на нафтата на 16 долари по барел. Предупредија економистите на Royal Bank of Scotland.
Истовремено тие до своите инвеститори им ја упатиле следната драматична порака: “Продајте сѐ освен најквалитетните обврзници! Овде станува збор за повраток на капиталот, а не за заработка на него. Во пренатрупана сала вратата за излез е мала”.
Тие наведуваат и дека денешната ситуација потсетува на 2008 година кога банкротира инвестициската банка Lehman Brothers што...
Post Views: 7
Ќе се случи наука,ќе се случи физика!
Студентската секција на ДФРМ, EPSYM – Скопје под покровителство на доц. д-р Ристе Попески-Димовски од Институтот за Физика при ПМФ Скопје, во соработка со Вера Зороска предметен наставник по физика во ОУ„Христо Узунов“-Охрид, организираат двочасовен настан за попларизација на физиката. Овој настан, кој е всушност една приказна, патување со светлината, наречен The Light Fantastic, претставува склоп од експерименти со кои се прикажуваат скоро сите светлосни појави со кои се сретнуваме околу нас. Ова шоу е создадено во 2015 година...
Post Views: 7
Голем број студенти денеска напладне се собраа пред платото на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од каде тргнаа на Студентскиот марш со кој бараат властите да се откажат од идејата за воведување екстерното тестирање на универзитетите.
Извикувајќи „Уа!“ за екстерното, студентите се движат по зацртаната рута, преку булеварот „Климент Охридски“ и „Илинденска“, улицата „Теодосиј Гологанов“, каде што се наоѓа седиштето на Студентскиот парламент, за да стигнат до Министерството за образование и наука како крајно одредиште.
Во говорот пред почетокот на маршот, членовите на...
Post Views: 2
Во рамките на Еразмус плус- програмата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, наставници и ученици од ОУТУ „Ванчо Питошески“, три недели престојуваа во Барселона, во реномираниот хотел Campanile. Беа вклучени тројца професори и деветнаесет ученици од угостителско-туристичката струка.
Учениците од различни образовни профили беа работно ангажирани на разни позиции во хотелот како рецепционери, готвачи и келнери. Нивните работни ангажмани беа поврзани со прием, сместување, испраќање гости и други услуги на рецепција, подготвување разни видови...
Post Views: 2
Од Општина Струга известуваат дека утре (среда),16.04 со почеток во 11 часот, во службена посета на Општина Струга ќе присуствува Амбасадорката на Федеративната Република на Германија Гурдун Штајнакер.
Во рамките на посетата, Амбасадорката Штајнакер ќе оствари средба Градоначалникот на Општина Струга, Зиадин Села.
{loadposition content9}
Post Views: 7
Тоа што посочувавме две години за Али пашината џамија и минарето, еве се остварува. Институциите потполно потфрлија, се толерира дивоградбата, реагираат од Здружението на граѓани „Совест“ на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук. Од здружението во повеќе наврати потенцираа дека на џамијата се гради без добиено одобрение за градба. Градежните зафати на џамијата покажуваат дека повиците кои од Здружението досега во неколку наврати ги упатуваа за институционално решавање на ситуацијата пропаднаа во вода.
„Проблемот остана и за жал се продлабочува. Веќе една...
Post Views: 1
Во охридското здравство измените во закажување на Мој тремин се одвиваат без проблеми. Неколку дена веќе се применуваат измените , а охридските матични лекари пишуваат упати според најновите измени. Иако, вчера имало одредени недоумици при издавањето на упатите денес нема јавувања од докторите, за ТВМ Телевизија инфомира д-р Љупчо Костоски Прет. на здруженеи на ПМЛ .
„ Денеска функционираме нормално, вчера имаше некои проблеми, но беа надминати со надградба во ноќните часови од софтверската куќа, а дизајнот на уаптите е прашање на вкус. Секоја новина треба да преспие,...
Post Views: 1
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Д.(66) од охридското село Долно Лакочереј и С.С.(64) од селото Лескоец.
Тие, на 05.09.2021 година во атарот на охридското село Свињишта, се затекнати во лов и без важечка дозвола, со употреба на ловечка пушка „Црвена застава” – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 0
Инцидентот во кој куче скитник касна малолетничка ја вознемири охридската јавност. Имено, 50 годишен охриѓанец за време на викендот пријавил во СВР Охрид дека неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник на плоштадот „Св. Климент Охридски“, во центарот на градот. Во врска со настанот денес на прес конференција реагираа и од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Охрид. Велат нема ден, Охрид да не биде споменат во билтенот на МВР. Охриѓани секојдневно гледаат глутници кучиња насекаде во градот. „Неспособноста на Локалната самоуправа и после година и пол од преземањето на власта...
Post Views: 4
Црвен крст Охрид во соработка со Американскиот мировен корпус во Македонија започнува нова програма „Млади лидери создаваат иднина“ наменета за ученици од прва, втора и трета година средно образование.
Програмата интегрира неделни работилници, екскурзии, развој на проекти и практикум за волонтирање со цел учениците да прераснат во активни граѓански лидери во нивните училишта и заедници. „Млади лидери создаваат иднина“ е програма дизајнирана да ги зајакне лидерските вештини на учениците и да им помогне како лидери да земат учество во нивната заедница, како и да стекнат...
Post Views: 20
Во 11 часот пред спомен обележјето кај неговата родна куќа во стариот дел на Охрид ќе биде положено свежо цвеќе. Точно напладне во просториите на државниот архив во Охрид ќе биде одржан историски час и запознавање со историскиот материјал за Марко Бошнаков.
Програма за одбележување на годишнината од смртта на Марко Бошнаков
Датум : 27.02.2019 ( среда)
Полагање свежо – цвеќе пред спомен –обележјето на Марко БошнаковМесто : родна куќа на БошнаковВреме : 11.00 часот
Историски час и запознавање со историскиот материјал за Марко БошнаковМесто : Државен архив на Р.Македонија...