„Edelweiss“ ќе лета и од охридскиот аеродром

Швајцарската авиокомпанија „Edelweiss“ објави дека од 6-ти април годинава ќе лета два пати неделно на линијата Цирих-Охрид и обратно.

 |   | 

Швајцарската авиокомпанија „Edelweiss“ објави дека од 6-ти април годинава ќе лета два пати неделно на линијата Цирих-Охрид и обратно.

„Edelweiss“ ќе сообраќа на новата линија од Цирих до аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, секоја сабота, а од јули до август и секој вторник.

Линијата ќе ја опслужува со авион од типот Airbus А 320.

На македонскиот пазар „Edelweiss“ веќе оперира од „Меѓународниот аеродром Скопје“ од каде лета до Цирих и обратно.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top