Едно поинакво шоу, за прв пат во Охрид!

Ќе се случи наука,ќе се случи физика!

 |   | 

Ќе се случи наука,ќе се случи физика!
  

Студентската секција на ДФРМ, EPSYM – Скопје под покровителство на доц. д-р Ристе Попески-Димовски од Институтот за Физика при ПМФ Скопје, во соработка со Вера Зороска предметен наставник по физика во ОУ„Христо Узунов“-Охрид, организираат двочасовен настан за попларизација на физиката.
    Овој настан, кој е всушност една приказна, патување со светлината, наречен The Light Fantastic, претставува склоп од експерименти со кои се прикажуваат скоро сите светлосни појави со кои се сретнуваме околу нас. Ова шоу е создадено во 2015 година во склоп на „2015 Година на светлината“ .
Настанот ќе се одржи во  Центарот за култура„Григор Прличев“-Охрид, голема сала, на ден 28.02.2019 (четврток), со почеток во 19.00 часот
Влезот е бесплатен!
Предавањето  е  наменето за ученици од основните училишта од  Охрид, Струга, Ресен и околните места, кои го изучуваат  предметот физика.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top