Post Views: 1
Кабинетите по физика исчезнуваат од македонските училишта , укажува доцент д-р Ристе Попески Димоски од Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет од Скопе. Учениците наставниот предмет физика го учат само теоретски од учебниците. За доближување на физиката до ученците треба правење експерименти за што треба минимална опрема која сега ја нема во школите, додава Димоски.
„Кабинетите не само што се застарени тие се исчезнати , во некој шкаф затворени.Но, би требало секое училиште и гимназија да има кабинети по физика, хемија , биологија каде што ќе има нагледни...
Post Views: 0
Додека некои, овозможувајќи им на луѓето пронаоѓање на информации на интернет, се збогатија, на некои други како Jimmy Wales и Larry Sanger единствена цел им беше да им овозможат на луѓето пристап до сите информации и знаења бесплатно.
Тие двајца пред точно 15 години ја основаа Wikipedia, интернет енциклопедија која на сите им е достапна бесплатно. Овој интернет извор на знаења денес има повеќе од 37 милиони статии кои се објавени на скоро 300 јазици, меѓу кои и на македонски, а се финансира исклучително од донации (на Wikipedia нема реклами). Wales често говори дека...
Post Views: 0
Се одржа спортски ден во салата Тодор Александров во Велгошти. Учениците од охридските училишта и од Дебрца имаа спортски ден по повод одбележувањето на роденденот на Тодор Александров. Спортскиот ден го отвори в.д. градоначалникот Константин Георгиески. Георгиески кажа дека радува фактот што Охрид има ентузијасти во сферата на спортот кои ги организираат ваквите спортски настани за добробит на младите генерации.
„Ова е од големо значење за градот бидејќи преку промоција на здравиот начин и активниот начин на живот ги поттикнуваме младите да чекорат по вистинскиот пат....
Post Views: 1
Министерството за култура, со цел да се создадат услови за рамномерен културен развој и да се обезбедат услови за достапност на граѓаните до културните вредности и нивно масовно користење, како и за да се поттикне заживувањето на културата на локално ниво, во 2015 година ќе обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија за реализација на манифестацијата „Град на културата во 2015 годинa“.
На Конкурсот може да учествуваат градовите во Република Македонија, кои треба да достават програма со препознатлива културна и историска традиција и со презентација на актуелните...
Post Views: 3
После успешната обука на преку 40 младинци од 14-18 години вклучени во националната програма Промоција на хумани вредности-Црвен крст во акција (ПХВ-ЦКА), од денес па во наредните два месеци младинците организирани во 7 тимови започнуваат со работа на терен во истражување на потребите на заедницата, пронаоѓање на целни групи и спроведување на најразлични креативни активности со цел обезбедување на средства за конкретна помош на оние на кои помошта им е најпотребна.
Малите проекти кои ќе ги изработат и реализираат младите на Црвен крст Охрид ќе бидат од големо значење...
Post Views: 1
70 основни училишта со околу 750 ученици од југозападниот регион на Македонија си ги одмерија силите, машките во кошарка, а девојките во одбојка. Годинава по петти пат се одржа спортскиот турнир „Јахја Кемал 2014“. Коста Хиохи професор по фискултура нагласи дека турнирот бил поделен на етапи, за да се одберат најдобрите.
„Секоја година сме побројни, годинава можеме да се пофалиме со навистина квалитетен турнир, видовме дека децата покажаа огромно познавање во спортската игра машките во кошарка девојките во одбојка, покажаа еден голем фер плеј што навистина е да кажам...
Post Views: 0
Волонтерите на неформалната еколошка организација „Чист Охрид“ викендов по 30-ти пат излегоа во акција да расчистуваат низ градот. Овој пат тие чистеа во околината на скалестата зграда.
„Граѓаните кои живеат во зградите напоменаа дека делот со тревниците се чистел вчера, меѓутоа од денешните фотографии може да се види дека чистењето било крајно неефикасно и површно – а оттука и нашите резултати. На теренот можеше да се забележи најразличен вид отпад, десетици стаклени шишиња, шприцеви и слично. Исто така тие ни пристапија најљубезно и се понудија да ни дадат на располагање...
Post Views: 6
На 12.12.2021 година околу 01 часот, пред угостителски објект на улицата „Ристо Крле” во Струга, М.Е. од струшкото село Радолишта, го нарушил јавниот ред и мир со вербални навреди и закани кон А.Р.(24) од Струга, а потоа извршил кршење на инвентар во објектот.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 11
Криминал, корупција и купопродажна афера стојат зад продажбата на земјиштето на кое сеуште се наоѓаат бараките на АДГ „Трудбеник“, тврди Ацо Спироски, извршниот директор на ова акционерско друштво . Ова атрактивно земјиште кое се наоѓа во непосредна близина на Студенчишкиот канал уште во 2011год. Министерството за транспорт и врски му го продало на Фубула травел без при тоа да се земе во предвид корисничкото право на АДГ „Трудбеник“.
Водена е сосема незаконита постапка, односно на „Трудбеник“ му е украдено земјиштето. Кога се продаваше на јавен повик „Трудбеник“ го...
Post Views: 1
Светскиот ден на срцето кој се одбележува секоја година на 29-ти Септември е востановен од Светската федерација за срце и има за цел да ги информира луѓето ширум светот за кардиоваскуларните болести и сите аспекти поврзани со можностите за нивна превенција и третман.
Годинашното мото на Светскиот ден на срцето е: КОРИСТИ ГО СРЦЕТО ДА СЕ ПОВРЗИШ
Ставен е акцент на огромните можности на дигиталните технологии во служба на подигање на свеста за важноста на превенцијата и константната поврзаност на кардиоваскуларните пациенти со своите доктори и здравствените работници преку...
Post Views: 2
За прв пат во пресрет на локалните избори во Охрид се организира отворена дебата на тема “Каков градоначалник сакаат Охриѓани?”.
Граѓанските здруженија и политичарите заеднички ќе ги детектираат проблемите и предизвиците на градот, со цел да се слушне гласот на граѓанскиот сектор и на обичниот граѓанин.
На дебатата ќе се говори за проблемите во сите сфери: туризам, угостителство, урбанизам, животна средина, комунален развој, концесионери на плажите, проблемот со кучињата, безбедност, образование, бизнис и економија.
За таа цел сите граѓани на Охрид кои сакаат...
Post Views: 1
Михаил Трендафилов Нанче кандидат за градоначалник на Охрид од Граѓанско Демократска Унија (ГДУ). Кандидатурата на Трендафилов беше претставена денеска во локалниот клуб на партијата. Михаил Трендафилов во своето обраќање меѓу другото рече дека основната причина да влезе во трката за градоначалничкото место во општина Охрид е фактот дека СДСМ и ДУИ се договориле за Охрид, во стилот „јас на тебе минаре-ти на мене гласови“ и сето тоа со молчеливата согласност на ВМРО-ДПМНЕ. „Институциите се посрамотија, но ако бидам избран, јас ќе се борам за доследна примена на законите“-...