Post Views: 1
Епидемија на морбили е пријавена во Струга поради зголемена појава на заразната болест, информираа од Центар за јавно здравје во Охрид. Кај 24 лица е дијагностицирана заразната болест морбили. Сите заболени, до сега, се со лесна клиничка слика.Тука се вклучуваат и 6-те деца помали од 12 месеци, кои не се вакцинирани. Од Центарот веднаш доставиле пријава, а веќе од денес е приајвена асена епидемиолошка состојба. Eпидемиологот, Јованка С. Коровешоска упатува апел до родителите.
„Родителите од Струга треба да ги вакцинираат децата и да се придржуваат до вакциналниот календар“,...
Post Views: 0
Бројот на жртвите во бродоломот кој денеска се случи во Егејското море се искачи на 39, меѓу кои пет се деца. Мигрантите се удавиле откако нивниот чамец се превртел на патот од Турција кон Грција. Турските власти успеале да спасат вкупно 75 лица, пренесува агенцијата „Анадолија“.
Претходните извештаи од саботата говореа за десет жртви и 43 спасени. Меѓутоа, подоцна дополнително е утврдено дека бројот на настраданите е далеку поголем.
Мигрантите од Сирија, Авганистан и Мјанмар се обидувале по разбранувано море од турската егејска покраина Чанаккале да стасаат до неколку...
Post Views: 36
Парковите како форма на култивираното зеленило се и најдобриот пример за култивирано општество. Тие се естетски момент на една урбана заедница и имаат индиректна функција на социјализацијата во едно општество, а дрвјата немаат само еколошка функција во градот. Дрворедите биле и се уште се симбол на еден град. Неконтролираната урбанизација на Охрид од година во година, придонесе, значително да се намалат зелените појаси. Еколозите велат дека колку продолжиме со неконтролирана урбанизацијата и девастација на зелените површини во блиска иднина ќе се соочиме со сериозни...
Post Views: 1
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и средношколскиот весник „Медиум“ организираат Медиумски ден за средношколците во петок во неколку медиуми во земјава.
Медиумскиот ден се организира под слоганот „Размислувај критички, делувај етички: Во и надвор од училница“ и има за цел да посочи на важноста на медиумската и дигиталната писменост во институционалното образование. Медиумската писменост ќе ги научи средношколците како да ги користат позитивните аспекти од популарната култура при личниот развој, ќе им помогне критички да ги анализираат медиумските...
Post Views: 1
Спротивно на законите кандидатот за градоначалник Георгиески продолжува со предизборни активности. За СДСМ и Константин Георгиески законите се мртво слово на хартија и тие не важат, обвинија денес на прес конференција од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Најавија дека ќе поднесат соодветна пријава за непочитување на одредбите од Изборниот законик.
„Зошто не се почитуваат одредбите од Изборниот законик коишто се однесуваат на забрана за активности пред официјалниот почеток на кампањата?Каква демократска држава е таа во која не се почитува членот 69 со што се нарушува...
Post Views: 18
Покрај темно сините води на речниот убавец, Црн Дрим, а воедно и во останатите четири држави во кои припаѓа Дримскиот басен, денес се одбележа „Денот на реката Црн Дрим“. Денешната манифестација претставуваше неофицијален почеток на проектот за интегрирано управување со природните ресурси, проект на кој се работи години наназад. Заменик министерот за животна средина, м-р Стево Темелковски ја изрази својата благодарност до сите кои го дале својот придонес во подготвувањето на проектот.
„За нас во Макеоднија е особено важен овој регион затоа што баш во овој регион се...
Post Views: 6
Последната недела во март започнува летното сметање на времето. Во 2 часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се помрднат за еден час напред. Таа ноќ ќе имаме еден час помалку за спиење.
Овој систем е предложен во 1905 г. од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916 г. како военовременска мерка насочена кон заштеда на јаглен. И покрај несогласувањата, многу земји го користат овој систем. Денес во Европа е прифатена конвенцијата летното сметање на времето да започнува во последната недела од месец март.
Post Views: 7
Во текот на последните 24 часа се направени 3.425 тестирања, при што се регистрирани 494 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.
По градови:
• Скопје 231• Куманово 49• Велес 31• Штип 24• Кавадарци 23• Охрид 19• Кичево 17• Прилеп и Кочани по 16• Струмица 12• Битола 8• Струга 7• Тетово 6• Гевгелија 5• Делчево 4• Неготино, Радовиш и Виница по 3• Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Богданци и Македонски Брод по 2• Гостивар, Ресен, Валандово, Кратово, Демир Хисар, Демир Капија и Македонска Каменица по 1
Во текот на изминатите...
Post Views: 0
На 30-ти март учениците ќе бидат на настава со распоред на часови од вторник.
Со одработувањето на две саноти основците и средношколците надоместуваат за деновите 21-ви и 22-ри јануари, кога поради загадениот воздух им беше продолжен зимскиот распуст.
Post Views: 7
Пишува: Убавка Јаневска
Рецензираме текст со наслов „Мигранти влегуваат кога и колку сакаат, Спасовски тера кампања!
Во написот се тврди дека мигрантите влегуваат во земјава кога и како сакаат, а ова се темели на еден видео материјал. Проблематичниот аспект е во тоа што одговорноста за мигрантите не се бара во институцијата задолжена да го контролира влезот и излезот од државата на странци, туку од техничкиот премиер Спасовски. Уште попроблематично е што написот е искористен за да се напомене дека Спасовски тера кампања, со што се добива впечаток дека тој наместо да...
Post Views: 5
На 16.03.2019 година двете лица се забележани како уништуваат добро под привремена заштита, односно природна реткост. Имено, еден од осомничените во близина на плажата „Версус“ со кајче влегол во езерото и со срп ја сечел трската. Вториот осомничен го нарачал сечењето на трската со намера да се сопре природниот раст. Со ваквите дејствија осомничените постапиле спротивно на Законот за заштита на природата, во кој Охридското Езеро е класифицирано како споменик на природата и каде не се дозволени активности со кои се загрозуваат неговите обележја и вредности.
Надлежен јавен...
Post Views: 7
Викендов повторно труење на кучиња во стариот дел на градов. Од расфрланиот отров настрада едно домашно милениче и едно бездомно куче. ЗА среќа со брза интервенција на активистите за заштита на животните и ветеринар беа спасени. Оваа појава во Варош е толку зачесетена што мештаните стравуваат да ги шетаат своите миленичиња. Крајно изреволтирани велат инспекторите конечно да преземат некакви мерки. Труењето на бездомните кучиња колку што е опасно за самите кучиња опасно е и за човекот и околината.
Она што е алармантно е што институциите не ја сфаќаат сериозно оваа проблематика....