Бродоломот во Егејско море однесе 39 животи

Саботната трагедија е најновата во низата бродоломи на бегалците

 |  инфодеск  | 

Бројот на жртвите во бродоломот кој денеска се случи во Егејското море се искачи на 39, меѓу кои пет се деца. Мигрантите се удавиле откако нивниот чамец се превртел на патот од Турција кон Грција. Турските власти успеале да спасат вкупно 75 лица, пренесува агенцијата „Анадолија“.

Претходните извештаи од саботата говореа за десет жртви и 43 спасени. Меѓутоа, подоцна дополнително е утврдено дека бројот на настраданите е далеку поголем.

Мигрантите од Сирија, Авганистан и Мјанмар се обидувале по разбранувано море од турската егејска покраина Чанаккале да стасаат до неколку километри оддалечениот грчки остров Лезбос.
Од почетокот на оваа година вкупно 800 луѓе го загубиле животот во овие води.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top