• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Неконтролираната урбанизација на Охрид, придонесе значително да се намалат зелените појаси

Неконтролираната урбанизација на Охрид, придонесе значително да се намалат зелените појаси

Еколозите предупредуваат дека доколку продолжиме со неконтролирана урбанизацијата и девастација на зелените површини, во блиска иднина ќе се соочиме со сериозни еколошки проблеми.

 |   | 

Парковите како форма на култивираното зеленило се и најдобриот пример за култивирано општество. Тие се естетски момент на една урбана заедница и имаат индиректна функција на социјализацијата во едно општество, а дрвјата немаат само еколошка функција во градот. Дрворедите биле и се уште се симбол на еден град. Неконтролираната урбанизација на Охрид од година во година, придонесе, значително да се намалат зелените појаси. Еколозите велат дека колку продолжиме со неконтролирана урбанизацијата и девастација на зелените површини во блиска иднина ќе се соочиме со сериозни проблеми.

„Во градовите треба да се обновува зеленилото. Еколошката функција на листовите е да ги собираат сите оние нечистотии кои се создаваат во една градска населба, ги апсорбира површината на листот од растенијата. Во зависност од квадратурата едно дрво може да апсорбира нечистотија од 700-1000м2 површина, наместо истотот загадување да оди во атмосферата да го дишат граѓаните“ предупреди Лазо Наумоски – Екологист.

Согласно европските стандарди, во градовите по глава на жител би требало да има девет метри квадратни зеленило. Градот се познава по уреденото зеленило, во кое главно место земаат, големите дрвореди. Дрворедите биле и се уште се симбол на еден град. Дрворедите во Охрид бројат 1500 садници. Од работната Единица, „Паркови и зеленило“ која е дел од ЈП „Охридски Комуналец“, а е задолжена за одржување на површините на јавното зеленило во градов се обидуваат да го зачуваат, обноват, па дури и збогатат зеленилото кое според урбанистичките планови е предвидено во Охрид. Само за три месеци засадени се 200 садници дрвја во Охрид од родот „Врба“ и „Каталпа“, како и декоративни дрвја во градскиот парк, а до крајот на годината треба да бидат засадени уште 400 садници дрвја. Но не е само неконтролираната урбанизација проблем. За жал сеуште треба да работиме на подигнување на свеста кај населението за грижа на зелените површини, нешто кое дел од охриѓани сеуште го немаат.

„Неколку пати и тоа не само на улицата „Марко Цепенко“ туку и на улицата „Асном“ и на бул. „Туристичка“, дрворедите се засадувани, околу 10 пати се менувани дрвјата, но сеуште се соочуваме со истиот проблем. Ете денес на пример на потегот кај „Минимаркет“ и раскрсницата на улицата „Асном“ со бул „Туристичка“ имаме оштетени над 10 садници. Истото беше лани, со дрворедот на „Туристичка“ заменавме дел од дрворедите, а дел се обидовме да ги ревиталиразме“ објаснува Љаткоски Трајан – Раководител Р.Е. „Паркови и зеленило“.

Љаткоски објасни дека перидов се врши и поткастрување на голем дел од дрворедите со цел истите да се ревитализираат, а неодамна беше средена и крошната на чинарот кај кружниот тек на бул. „Туристичка“ и ул „Јане Сандански“, врз која со години не било интервенирано, а, чииштогранки претставувале опасност за минувачите. Во Охрид моментално има 80 226 м2 површина во паркови, 1200 трендафили, а моменталната т.н. Зелена површина во стариот дел е намалаена на 340 000 м2.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top