Медиумски ден за средношколците

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и средношколскиот весник „Медиум“ организираат Медиумски ден за средношколците во петок во неколку медиуми во земјава.

logo
лого

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и средношколскиот весник „Медиум“ организираат Медиумски ден за средношколците во петок во неколку медиуми во земјава.

medium Медиумскиот ден се организира под слоганот „Размислувај критички, делувај етички: Во и надвор од училница“ и има за цел да посочи на важноста на медиумската и дигиталната писменост во институционалното образование. Медиумската писменост ќе ги научи средношколците како да ги користат позитивните аспекти од популарната култура при личниот развој, ќе им помогне критички да ги анализираат медиумските содржини и да ги разбираат пораките на сигурен и етички начин. Медиумски оспособени тинејџери ќе умеат да ги употребуваат мултимедијалните алатки креативно во учењето и во изразувањето на ставовите за прашања од „реалниот свет“.

На Медиумскиот ден, околу стотина средношколците ќе посетат различни типови на медиумски редакции – ТВ, радио, веб портал и весник, и ќе бидат директно вклучени во нивната продукција. Тие ќе дискутираат лично со уредници и новинари за процесот на креирање на медиумските содржини, како да ги пребаруваат и вреднуваат информациите, како да ги користат медиумските техники, но и за предизвиците во новинарството и влијанијата на и врз медиумите.

Медиумски ден за средношколците се организира првпат во Македонија, во рамки на проектот „(Де)конструирај ги медиумите“, поддржан од Амбасадата на САД во Македонија.

Повеќе информации за настанот може да се најдат на www.vs.edu.mk и на средношколскиот веб портал www.medium.edu.mk.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top