Post Views: 0
Со визија и сила, преголема одговорност и позитивна енергија влегуваме во успешна кампања за локалните избори, кажа д-р Митре Милошевски, кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ. На прес конференцијата која се одржа во Канцеларијата за граѓани која е отворена за граѓаните Милошевски порача дека преку отвореност со охриѓани ќе ги јакнат демократските капацитети на градот и ќе бидат заедно со народот во секое место, маало, секоја улица и праг.
„Тие што вистински го сакаат својот град, работат за него, го сакаат со дела. За мене политиката е одговорност и натпревар...
Post Views: 0
Здружението на граѓани за ретки болести „ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ“ го одбележува интернационалниот ден на болест на Гоше во склоп на кампањата на Интернационалната Гоше Алијанса. Оваа година кампањата се одвива преку социјалните медиуми со споделување на изјави од доктори, семејства и пациенти поврзани со болест на Гоше.
Оваа година темата е „Порана дијагноза, подобар живот“. Раната дијагноза е важна не само за болеста на Гоше туку за сите ретки болести. За жал многу од пациентите со ретки болести во нашата земја, но и во светот, не добиваат дијагноза во првите години од...
Post Views: 6
Охрид е град на просветителството и на писменоста, па оттука произлегува нашата обврска да создадеме услови, сегашните и идните генерации да го зачуваат и да го осовременуваат овој имиџ и во иднина, истакна денеска на прес конференција професор Ристо Николески, кој што презентираше дел од предизборната програма на кандидатот за градоначалник Д-р Константин Георгиески. Нашата цел со Георгиески како градоначалник е образованието во Охрид да го издигнеме на нивото кое го заслужува и нашиот град да може да се гордее со ученици кои имаат големи успеси во земјата и во меѓународни...
Post Views: 0
Синоќа на 67-годишна возраст почина познатиот охридски историчар на уметност, Гоце Ангеличин Жура.Роден е 1951 година. Основно и средно образование завршил во Охрид, а дипломирал на Филозофскиот факултет, група Историја на уметност со археологија, прва генерација. Работниот ангажман го започнал во Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид, со звање советник конзерватор каде останал до самото пензионирање. Жура посебно се истакнува како основоположник и втемелувач на теренските истражувања на пештерските цркви и монашки живеалишта во охридско-преспанскиот...
Post Views: 10
Само што официјално започна претседателската кампања, Гордана Силјановска Давкова, денеска, на плажа во Охрид медитираше јога. За неа јогата не е бегство од реалноста туку потреба за справување во конфликтната реалност.„ Јогата не е спорт, не е хоби туку филозофија. Во јогата телото и духот може да се сретнат. Живееме во немир, а источњачките народи полесно се справуваат со проблемите на денешницата. Кога е во прашање јогата во европските училишта се воведува јога во наставата, во фирмите и компаниите. Јогата е комуникација со себе и другите, размен на позитивна енергија...
Post Views: 1
“Пребарувањето ги смени животите на луѓето и повеќе од една милијарда луѓе зависат од нас”, напишал на социјалната мрежа на Google Amit Singhal, шефот на одделот за пребарување на оваа компанија најавувајќи го своето заминување во пензија. Од Google веќе ја најавија неговата замена и новиот шеф на една од најважните дивизии на компанијата, а технолошките аналитичари веруваат дека ова наименување ќе ја одреди идната насока на најпопуларниот пребарувач во светот.
Имено, на водечкото место седнува John Giannandrea кој моментално во Google го води тимот кој ја развива вештачката...
Post Views: 1
Ј.П.„Охридски Комуналец„ продолжува со опсежни акции за чистење, како во градот така и во приградските населби.
Веднаш по одржувањето на синоќешниот митинг на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, нашите дежурни служби пристапија кон расчистување на плоштадот, тревните површини и пристапните патеки од расфрланиот отпад и враќање во првобитна состојба.
Се продолжува и со акциите за генерално чистење на приградските населби и опфатени се селата : Долно Лакочереј, Горно Лакочереј, Косел, Сирула и Вапила. Расчистен е расфрланиот комунален отпад, машински се расчистени дивите мини-депонии...
Post Views: 6
Цените на бензините и дизелот од синоќа се намалија за 4,5 денари, односно за 4 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 65,50 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 67 денари.
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 56 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 44,50 денари.Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 3,354 денари за килограм и ќе изнесува 27,512 денари.Малопродажнате цена на горивата во просек е намалена за 7,57 проценти.
Регулаторната комисија за енергетика ја утврди новата цена на горивата...
Post Views: 2
Вршителот на должност градоначалник Константин Георгиевски денеска прими делегација од Пловдив, Р. Бугарија предводена од заменик градоначалникот Георги Горгиев.
На протоколарната средба на која присуствуваа и нивните раководители на секторите за култура, млади и образование, Веселинка Балџиева и Пешја Шаркова и директорката на детската градинка „Борјана“, Станислава Беќарова се разговараше за зајакнување на соработката во делот на образованието и културата меѓу двете општини Охрид и Пловдив.
На средбата беше истакнато дека со оглед на тоа што Бугарија е веќе членка...
Post Views: 9
Утре 28.05.2014 год. со почеток во 11 часот во с.Требеништа ќе се постави камен темелник на повеќенаменската балон сала. На овој настан ќе присуствуваат пратениците Антонио Милошоски, Александар Николоски и Сашо Василески.
Во 12 часот ќе се постави камен темелник во с.Ботун каде се врши реконструкција на водоводната мрежа и проширување на системот со две нови каптажи. Финансирањето на објектите е со средства на општина Дебарца.
{loadposition content9}
Post Views: 5
По повод „Меѓународниот ден на свесноста за аутизмот“, синоќа, зградата на општина Охрид беше осветлена во сино. Со ваквиот чин општина Охрид се вклучи во светската кампања „Light it blue“.
Сината боја е заштитен знак за грижата на лицата со аутизам и потсетник за зголемување на јавната свест за инклузија на овие лица во општественото живеење.
Post Views: 0
Вакцините против коронавирус дадени во Македонија имаат ефикасност од спречување хоспитализација од 90 отсто, а ефикасноста против смртен исход од ковид-19 била 94 отсто.
Ова го покажуваат прелиминарните резултати од истражувањето што го предводи д-р Харис Бабачиќ, магистер по епидемиологија и докторант-истражувач на Институтот Каролинска од Стокхолм, Шведска, во соработка со Жаклина Чагороска од Управата за електронско здравство при Министерството за здравство.
Вакцините од различните производители немале големи разлики во нивната ефективност во спречување смрт од...