Гордана Силјаноска Давкова на плажа вежбаше јога заедно со охриѓани и стружани

Испрати порака за здрав начин на живот, дружење и размена на позитивна енергија. Јогата за неа е филозoфија и метод за умот, духот и срцето да се справат со проблемиет на денешницата.

 |  Валентина Неловска  | 

Само што официјално започна претседателската кампања, Гордана Силјановска Давкова, денеска, на плажа во Охрид медитираше јога. За неа јогата не е бегство од реалноста туку потреба за справување во конфликтната реалност.„ Јогата не е спорт, не е хоби туку филозофија. Во јогата телото и духот може да се сретнат. Живееме во немир, а источњачките народи полесно се справуваат со проблемите на денешницата. Кога е во прашање јогата во европските училишта се воведува јога во наставата, во фирмите и компаниите. Јогата е комуникација со себе и другите, размен на позитивна енергија во ова време на невреме таа е потребна“, рече Силјаноска Давкова.

Со Силјанска Давкова на брегот од охридското езеро јога вежбаа и неколку пријатели и љубители на јога од Охрид и Струга.

Претседатеслиот кандидат Горданa Силјаноска Давкова, кажа дека порано по ревносно практикувала јога. На граѓаните им препорача да ја применуваат упатувајќи порака за здрав начин на живот, дружење и размена на позитивна енергија.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top