ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ПЛОВДИВ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

Вршителот на должност градоначалник Константин Георгиевски денеска прими делегација од Пловдив, Р. Бугарија предводена од заменик градоначалникот  Георги Горгиев.

 |   | 

Вршителот на должност градоначалник Константин Георгиевски денеска прими делегација од Пловдив, Р. Бугарија предводена од заменик градоначалникот Георги Горгиев.

На протоколарната средба на која присуствуваа и нивните раководители на секторите за култура, млади и образование, Веселинка Балџиева и Пешја Шаркова и директорката на детската градинка „Борјана“, Станислава Беќарова се разговараше за зајакнување на соработката во делот на образованието и културата меѓу двете општини Охрид и Пловдив.

На средбата беше истакнато дека со оглед на тоа што Бугарија е веќе членка на Европската Унија ќе се користат нејзини искуства за едуцирање на луѓе и аплицирање на проекти пред европските фондови за добивање на средства.

Во насока на зајакнување на соработката ,делегацијата од Пловдив денеска ќе ја посети детската градинка „Јасна Ристеска“, а утре факултетот за туризам и угостителство. Гостите од Бугарија вечерва ќе присуствуваат на отворањето на културниот детски фестивал „Децата на Бугарија пеат и играат во Охрид “ кој завршува во четврток.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top