Post Views: 0
На Меѓународниот Ден на трудот 80-тина охридски синдикалци беа дел од денешниот марш во Скопје. Македонските синдикалци под мотото Нашиот глас – гласот на работниците, “Не може да се одлучува за нас, без нас” испорачаа барања до Владата. Стевчо Маслов, секретар на подрачната канцеларија на ССМ Охрид, напоменува дека бараат ефикасна и брза реализација на работничките права наведени во манифестот кој го доставија до премиерот и министрите за финансии и труд и социјална политика.
„ Договори за вработување на неопределено време, стоп за договорите на определено време подолго...
Post Views: 1
Научната вечер ќе се оддржи утре во Домот на културата во Вевчани со почеток од 20 часот а ќе говорат Доц. д-р Даворин Трпевски од Институтот за етнологија и антропологија при Природно математичкиот факултет- Универзитет Св Кирил и Методиј- Скопје, м-р Ивона Опетческа Татарчевска етнокореолог од Управата за заштита на културното наследство, м-р Велика Стојкова Серафимовска етномузиколог и претседател на Националниот Комитет за Македонија. Инаку годинешново издание на Фестивалот ќе измине без најавените фолклорни содржини и концертот на групата Љубојна. Од КУД Дримкол-...
Post Views: 1
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), среда, први мај 2019 година, Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита Денот на трудот.
И македонците денес го одбележуваат Меѓународниот ден на трудот, во чест и сеќавање на историската борба на работниците од целиот свет за унапредување на нивните права.
Денот на трудот се празнува на првиот ден од мај во знак на почит...
Post Views: 0
Струга очекува наплив на туристи за Новогодишните празници. Најголем дел од закупените аранжмани во хотелските капацитети се од регионот Албанија, Косово, Бугарија и Србија. Има интерес за Новогодишните пакети, но поради неизвесноста со ковид пандемијата не се букираат, како во минатите години, кога овој период беа речиси распродадени, велат од хотелската асоцијација.
За празниците се очекува да дојдат и голем број иселеници од струшко.
Она што го добиваме како информација од туристичкиот сектор е дека веќе прават аранжмани за Нова година, најголем интерес има од туристите...
Post Views: 3
Во наредниве три месеци ќе започне реализацијата на еден огромен проект кој се однесува на промена на сите пумпи за водоснабдување кои се поставени во пумпните станици, „Метропол“, „Трпејца“ и „Љубаништа“, а ќе се менува и електриката. Станува збор проект вреден 20 милиони денари, обезбедени преку грант на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој, проект кој ќе го спороведе Јавното Претпријатие „Водовод“ – Охрид во соработка со општина Охрид.
Со реализирањето на проектот се очекува да се подобри водоснабдувањето и да се преполоват месечните сметки...
Post Views: 2
Фејсбук ја обвини „погрешната промена на конфигурацијата“ за речиси шестчасовна блокада што спречи 3,5 милијарди од нивните корисници да пристапат до социјалните медиуми и услугите за пораки, како што се Facebook, Instagram, Whatsapp. Компанијата не наведе на блогот кој ја направил промената на конфигурацијата и дали била планирана.
Неколкумина вработени во Фејсбук, кои побарале да останат неименувани, за западни медиуми рекоа дека веруваат дека прекинот се должи на внатрешна грешка во начинот на насочување на сообраќајот преку интернет.
Неисправностите на алатките...
Post Views: 14
Расте бројот на патнички бродови за превоз на туристи. Нови два големи бродови за по 150 патници ова лето ќе крстарат по синото езеро. Со нив Охрид, вкупно ќе има шест големи модерни и стабилни бродови за превоз на патници. И оваа сезона најатрактивни за туристите ќе бидат ноќните и денските панорамски крстарења до Канео и Свети Наум. „Тоа е добар показател дека туризмот се движи нанапред побарувачката на пазарот го прави своето. Во моментов два бродови се во каналот кои се во фаза на ремонт. Едниот е при крај а другиот повеќе од поливина ја заврши работата....
Post Views: 4
По катастрофалниот пораз во првиот изборен круг во Охрид, фабриката за лаги и измами сместена во Белата Палата во Скопје е пуштена на најјако, кажа денеска на прес конференција, Кандидатот за градоначалник од СДСМ , Константин Георгиески. Тој се осврна на повеќе моменти од досегашната кампања и обвинувања од страна на политичките опоненти. На критиката дека раздолжувањето на општината не било по заслуга на општината туку со пари од народот Георгиески со одговор до неговиот противкандидат Милошевски.
„ Да, точно е дека тоа се народни пари. Сите пари се народни Митре....
Post Views: 7
За СДСМ и Константин Георгиески посветеноста за проблемите на граѓаните е само лага пред избори затоа што откако ќе дојдат на власт забораваат на дадените ветувања, обвини Сашо Донев од говорницата на ОК Вмро Дпмне на денешната прес конференција.
„Охрид ги дочека гостите во сообраќаен хаос, раскопани улици, блокирани улици, тротоари, пешачки и велосипедски патеки. Урбаната опрема повторно поставена насекаде низ градот без никаков ред. Ништо од пријатно место за прошетка и одмор на туристите и граѓаните. Улиците и позначајните сообраќајници низ градот и понатаму се во...
Post Views: 0
Регулаторните власти во Европската унија задолжени за прашањата за државна помош ќе го истражува извештајот на група ЕУ парламентарци во кој шведскиот производител на мебел IKEA се обвинува дека во шестгодишен период избегнал плаќање на најмалку милијарда евра данок, порачале од Комисијата.
“Европската комисија ги примила до знаење и нивните наоди детално ќе бидат истражени”, рекла портпаролката на Европската комисија за финансиски услуги и даночни прашања Vanessa Mock.
Во студијата која ја изработила партијата на Зелените во Европскиот парламент се наведува дека најголемиот...
Post Views: 13
НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид во соработка со КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА Ве покануваат на македонски филмски класици.
-ЏИПСИ МЕЏИК / ЧЕТВРТОК, 02 мај 2019 г / почеток 18.00 ч / влез слободен
Производство: Вардар филм – СкопјеЗемја на потекло: Република МакедонијаЖанр: мелодрамаРод: Игран филмВреметраење: 135 минутиЗвук: ДаВо боја: во бојаГодина: 1997Режија: Попов Стојан – СтолеСценарио: Блажевски ВладимирДиректор на фотографија: Трпески АпостолМонтажа: Грбевски ДимитарГлавна улога: Шијаковиќ Арна, Чевревски Данчо, Додевски Горан, Иванова Катина,...
Post Views: 5
Во рамките на денешната заедничка седница на Владите на Република Македонија и Република Србија оддржана во Скопје, министерот за транспорт и врски, г-дин Миле Јанакиески и Потпретседател на владата и министер за сообраќај, градежништво и инфраструктура, Зорана Михајловиќ ја поптшиаа спогодбата за утврдување на граничните процедури за железничкиот граничен премин Табановце – Прешево.
Спогодбата има за цел поедноставување на извршувањето на граничните процедури и скратување на временскиот период на задржување на возовите на граничниот премин во железничкиот сообраќај....