На Меѓународниот Ден на трудот охридски синдикалци дел од маршот во Скопје

Под мотото Нашиот глас -гласот на работниците “ Не може да се одлучува за нас, без нас” синдикалците испорачаа 19 барања до Владата. Работничките права во одредени дејности во приватниот сектор и понатака не се почитуваат.

 |  Валентина Неловска  | 

На Меѓународниот Ден на трудот 80-тина охридски синдикалци беа дел од денешниот марш во Скопје. Македонските синдикалци под мотото Нашиот глас – гласот на работниците, “Не може да се одлучува за нас, без нас” испорачаа барања до Владата. Стевчо Маслов, секретар на подрачната канцеларија на ССМ Охрид, напоменува дека бараат ефикасна и брза реализација на работничките права наведени во манифестот кој го доставија до премиерот и министрите за финансии и труд и социјална политика.

„ Договори за вработување на неопределено време, стоп за договорите на определено време подолго од 1 година, сабота и недела, денови на неделен одмор, 12 месеци породилно отсуство, минимална плата од најмалку 13.800,00 денари“, се дел од барањата на синдикалците.

Меѓу 19- те барања синдикалците порачаа и стоп за зголемување на границата за пензионирање, стоп за мобинг и дискриминација, стоп за мешање во синдикалното организирање, регрес за годишен одмор за сите, пораст на платите за да се спречи иселувањето на младите, унапредување на колективното договарање. Маслов укажува дека во меѓувреме се работи на новиот закон за работни односи со кој ќе се врата изгубените работнички права во последните дестина години. Во изработката на Законот се вклучени Владата, работодавачите и синдикатот. 80 посто од преговорите се завршени остануваат 20 посто каде што забелешки имаат приватните работодавачи, напоменува Маслов. При тоа укажува што пријавуваат охридските работници во нивната синдикална канцеларија.

„ Најмногу се жалат на мобинг на работните места, неисплата на ноќна и прекувремена работа. Затоа и се работи на нов закон за работни односи каде што тие работнички права ќе бидат допрецизирани и не ќе може да има манипулации со вработените“, напоменува Маслов.

Стевчо Маслов напоменува дека има тенденција на зголемување на синдикалното организирање во земјава и во Охрид. Во општина Охрид има околу 5000 активни синдикални членови.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top