Време е за кино, македонски филмски класици

НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид во соработка со КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА Ве покануваат на македонски филмски класици.

 |   | 

НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид во соработка со КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА Ве покануваат на македонски филмски класици.

-ЏИПСИ МЕЏИК / ЧЕТВРТОК, 02 мај 2019 г / почеток 18.00 ч / влез слободен

Производство: Вардар филм – Скопје
Земја на потекло: Република Македонија
Жанр: мелодрама
Род: Игран филм
Времетраење: 135 минути
Звук: Да
Во боја: во боја
Година: 1997
Режија: Попов Стојан – Столе
Сценарио: Блажевски Владимир
Директор на фотографија: Трпески Апостол
Монтажа: Грбевски Димитар
Главна улога: Шијаковиќ Арна, Чевревски Данчо, Додевски Горан, Иванова Катина, Манојловиќ Предраг – Мики,Бајрам Северџан, Трпкова Синоличка, Михајловски Тони, Јачев Владимир, Хасан Џемаил..

-СРЕЌНА НОВА 49 / ЧЕТВРТОК, 02 мај 2019 г / почеток 20.00 ч / влез слободен

Година 1986 / Траење: 125 минути
Приказна за двајца браќа со различна идеологија и верувања. Драмата се случува во атмосфера на тензија и страв, за време на конфликтот помеѓу Комунистичката партија на Југославија и Сталинизмот.
Режија: Столе Попов
Сценарио: Гордан Михиќ
Музика: Љупчо Константинов
Улоги: Мето Јовановски, Светозар Цветковиќ, Владислава Милосављевиќ и други
Награди:
– Гран при, Голема златна арена за најдобар филм 1986 ФЈИФ, Пула,
– Златна арена за најдобро сценарио на Гордан Михиќ 1986 ФЈИФ, Пула
– Нагрдада ” Милтон Манаки” од југословенската филмска критика за Столе Попов 1986 ФЈИФ, Пула
– “Златен гладијатор”, награда на југословенската филмска академија за Столе Попов 1986 ФФ, Ниш
– Голем златен дукат за најдобро сценарио за Гордан Михиќ 1986 ФФ, Врњачка бања
– Југословенски кандидат за Оскар 1986
– 13 Ноемвриска награда за Столе Попов 1991 МФФ
и други..

-ТЕТОВИРАЊЕ / САБОТА, 04 мај 2019 г / почеток 20.00 ч / влез слободен

Година: 1991 / Траење: 128 минути
Дејството на филмот е сместено во летото 1989 година и го следи животот на работникот Илија, кој по низа апсурдни настани, иако потполно невин, завршува во затвор, обвинет за убиство, а подоцна и убиен од еден специјалец.
Илија, кој и инаку, според својот нескротлив темперамент како да е предодреден да биде во конфликт со официјалните сили што го „штитат“ поредокот – комунистичкиот режим во распад – по една караница со сопругата го напушта домот со единственото што го поседува, празниот куфер. 
Режија: Столе Попов
Сценарио: Мирко Ковач
Музика: Љупчо Константинов
Улоги: Мето Јовановски, Столе Аранѓеловиќ, Љиљана Меѓеши, Јовица Михајловски, Кирил Поп-Христов, Светозар Цветковиќ, Зоран Цвијановиќ, Александар Чамински, Данчо Чевревски и др…
Награди:
– Гран При 1991 ФФ, Херцег Нови
– Прва награда ” Златна мимоза” за режија на Столе Попов 1991 ФФ, Ниш
– Втора награда за сценарио на Мирко Ковач 1991 ФФ “Милтон Манаки” Битола
и други.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top