Го славиме Меѓународниот ден на трудот

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), среда, први мај 2019 година, Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани.

 |   | 

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), среда, први мај 2019 година, Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита Денот на трудот.

И македонците денес го одбележуваат Меѓународниот ден на трудот, во чест и сеќавање на историската борба на работниците од целиот свет за унапредување на нивните права.

Денот на трудот се празнува на првиот ден од мај во знак на почит кон жртвите од штрајкот што се одржал од 1-ви до 4-ти мај 1886 во Чикаго. Целта на првомајските демонстрации во Чикаго била да се издејствува воведување осумчасовен работен ден, но полицијата употребила сила и имало жртви. Организаторите на штрајкот биле изведени на суд, а четворица од нив биле погубени. Три години по настаните во Чикаго, на првиот Конгрес на Втората интернационала што се одржала во Париз во 1889 година, е решено секоја година на 1-ви мај, во сеќавање на чикашките работници да се одржуваат масовни демонстрации.

Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот, вклучително и кај нас. До 2006 година тој се празнуваше на 1-ви и 2-ри мај, но од 2007 година се празнува само на 1-ви мај.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top