Ансамблот „Отекс“ вечерва ја започнуваат големата француска турнеја

Post Views: 17 Членовите на Фолклорниот ансамбл „Отекс“ од Охрид, чуварите на фолклорното наследство од регионов, вечерва ја започнуваат големата франсцуска турнеја. Имено тие од 1-10 јули ќе учествуваат на Меѓународниот фолклорен фестивал „MUSICHORDANCE“ во лион Франција. Заедно со нив, ќе учествуваат уште шест фолклорни групи. Како дел од ова патување ќе биде и посетата на Венеција како и посетата на градовите долж азурниот брег.

Continue reading

Четвртиот меѓународен гастрономски натпревар „Гастро Мак“ 2019 ќе се одржи во Охрид

Post Views: 0 Четвртиот меѓународен гастрономски натпревар „Гастро Мак“ 2019 ќе се одржи во Охрид. Во петте фестивалски денови ќе учествуваат над 400 натпреварувачи, судии, гастрономски амбасадори на ВАКС, светската асоцијација на готвачи и почесни гости од над 35 земји со што во Охрид всушност ќе биде дојден светскиот гастрономски крем. Тоа ќе биде годишна натпреварувачка ревија на шефови на кујни од глобални размери. Претседател на судискиот одбор на Гастромак 2019 ќе биде иконата на гастрономијата на поранешна Југославија, Стево Карапанџа кој ќе раководи со педесеттина светски...

Continue reading

Марија Влардингербрук, жената која прва носела организирани тури холаѓани во Охрид

Post Views: 3 81 годишната  Марија Влардингербрук , порнешен туристички извршен директор , жената која прва носеше туристи од Холандија  пред триесетина години,повторно  дојде  во Охрид. Овој пат како турист, заедно со своите пријателки од Холандија и еден  албум полн со спомени од далечната 1988 година. Поранешната мисица на Ротердам,  тогаш на педесетгодишна возраст била главен извршен директор за холанѓаните,  кои доаѓале во Охрид во тогашна Југославија.  Потсетувајќи се на тие убави времиња Марија со радост раскажува за  бесценетите спомени на илјадниците гости проткаени на  брегот...

Continue reading

Samsung создава нова социјална мрежа

Post Views: 0 Станува збор за социјална мрежа на која корисниците ќе ги објавуваат своите фотографии кои потоа нивните пријатели ќе можат да ги модифицираат со цртежи или сопствени фотографии. Waffle ја развива C-lab тимот на Samsung и е во beta верзија на тестирање на уредите со Android. Основната идеја на Waffle е корисникот да сподели фотографија, а неговите пријатели потоа да имаат можност на неа да додадат своја. Така се создава колаж на фотографии и реакции на истата. Колажот на фотографии со својата структура потсетува на вафли, по што мрежата и го добила името. “Waffle на...

Continue reading

Петкоска: Централната власт да го сопре дивеењето на урбаната мафија во Охрид

Post Views: 1 Од општинската ВМРО ДПМНЕ ја повикуваат централната власт веднаш да преземе мерки во врска со градењето на бетонската база на брегот на Охридското Езеро. Охрид ризикува да го изгуби статусот на град заштитен под УНЕСКО поради самоволието на локалните моќници, изјави денеска советничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Лидија Петкоска. „Повеќе од недела дена нема никаква реакција од страна на властите за безправното узурпирање на брегот на Охридското Езеро. Без дозвола гради бетонска база на самиот брег на езерото. Вакво бесправно градење и непочитување на законите од страна...

Continue reading

kamp

Четиричасовен протест пред владата

Post Views: 6 Колони автобуси комби возила и автомобили. Ваква беше сликата вчера на влезовите во Скопје. Илјадници граѓани пристигнуваа за да присуствуваат на големиот протест. Колони луѓе по улиците пак се собираа на неколку пунктови низ градот. Револтирани се од како што велат криминалното владеење на Груевски. Протестот го поддржа и Студентскиот пленум и повеќе граѓански здруженија.Владата беше централното место за собир на илјадниците граѓани. Говорите на актери студенти и познати личности се следеа дури и од балкони.  А токму таму се стационирале и странските новинарски екипи. Дел...

Continue reading

Корисниците на урбана опрема да ги подмират обврските кон општината

Post Views: 2 Се повикуваат корисниците на урбана опрема коишто имаат склучено договор со општина Охрид за поставување на урбана опрема, во најкраток можен рок да ги подмират обврските и да прибават одобренија за поставување на урбана опрема. Физичките и правните лица коишто немаат склучено договори за поставување на урбана опрема, да поднесат барање за издавање на одобрение за поставување на урбана опрема. Доколку физичките и правните лица не постапат по горенаведеното, општина Охрид ќе пристапи кон отстранување на нелегално поставената урбана опрема.

Continue reading

fudbalski skoli

Еден милион учесници бележи проектот на отворените забавни фудбалски школи

Post Views: 0 Вкупно 230 учесници од 23 земји во светот деновиве престојуваат во Струга на меѓународната конференција на отворените забавни фудбалски школи. Ова е историски настан бидејќи за прв пат ќе се формира Интернационален совет од сите земји учеснички нагласува Цено Алекснадровски, проект координаторот на отворената забавна фудбалска школа. „Богатството е онолку колку што имате луѓе околу себе и толку луѓе колку што познавате во светот. Затоа јас сакам да кажам дека нашата организација CCPE Open Fun Football Schools  е една од најбогатите бидејќи со оваа мрежа штоја имаме низ...

Continue reading

Во наредниве шест години, стопански и рекреативен риболов на риболовното подрачје Охридско Езеро ќе врши фирмата „Летница – Белвица Милорад“ од Струга

Post Views: 4 Од Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, за ТВМ информираа дека оваа фирма на елекстронската аукција понудила највисок надомест за концесија за стопански риболов и највисок концесиски надомест од 100% од вредноста на издадените дозволи за рекреативен риболов. На последната седница на Влада поминаа одлуките за новиот концесионер на Охридското Езеро за стопански и рекреативен риболов. Станува збор за фирмата „Летница – Белвица Милорад“ од Струга. Оваа фирма за стопански риболов на електронската аукција понудила највисок надомест за концесија во вкупен...

Continue reading

Повозрасните граѓани барале помош од психолог во пандемијата

Post Views: 0 Повозрасни граѓани од регионот барале најчесто совет од психолог за да се справат со стресот и осаменоста коишто ги наметна пандемијата, информира психологот Ранко Раткушински. Тој е во секојдневен контакт со граѓаните кои бараат помош и се јавуваат на отворената линија за прва  психолошка помош и психо-социјална поддршка која функционира во општинската организација на Црвен крст. Психологот споделува дека на почетокот од пандемијата биле почести јавувањата од повозрасни граѓани од целиот регион. Постоењето на оваа стручна помош за граѓаните беше и  сеуште е потребна,...

Continue reading

ВМРО ДПМНЕ: Нелегалната бетонска база на Нефи Усеини ќе го забетонира Охрид и неговото уништување

Post Views: 1 Во Македонија правната држава е укината од страна на Зоран Заев и неговите локални шерифи . Теснопартиските и бизнис интересите се испреплетени на големо во Охрид, обвини денеска портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димче Арсовски. На прес конференцијата која Арсовски ја одржа во Охрид , на стариот пат за Струга веднаш пред бетонската база, тој рече дека во градот чиј УНЕСКО статус е загрозен владее молк на локалната и на централната власт за нелегалната градба која никна на самото крајбрежје на Охридско езеро. „Како што можете да видите, се работи за бетонска база која без дозвола...

Continue reading

Калачоски: Рамномерен развој во сите урбани и месни заедници, задолжителни состаноци со граѓаните

Post Views: 10 Во претстојниот четиригодишен мандат продолжуваме со рамномерен развој во сите урбани и месни заедници, кажа Кандидатот за советник Наум Калачоски, од СДСМ и коалицијата. Тој додаде дека ќе воведат задолжителни состаноци и консултации со урбаните и месните одбори со цел да ги поттикнат граѓаните да учествуваат во донесувањето одлуки и избирањето на приоритени проекти. Во секоја месна и урбана заедница. Градиме приоритетна инфраструктура: улици, канализација, водовод. Градиме малски плоштади и паркови со содржини за дружба и забава. Градиме детски и спортски игралишта...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top