• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ВМРО ДПМНЕ: Нелегалната бетонска база на Нефи Усеини ќе го забетонира Охрид и неговото уништување

ВМРО ДПМНЕ: Нелегалната бетонска база на Нефи Усеини ќе го забетонира Охрид и неговото уништување

Портпаролот на партијата обвини дека институциите не преземаат ништо за нелегалните градби ан советникот, базата и летна тераса до Чинарот, поради предизборни пазарења. Локалната и централната власт мора да се охрабрат и да преземат мерки согласно закон и еднаш за секогаш да го санкционира башибозукот на урбаната мафија во Охрид, рече Арсовски.

 |   | 

Во Македонија правната држава е укината од страна на Зоран Заев и неговите локални шерифи . Теснопартиските и бизнис интересите се испреплетени на големо во Охрид, обвини денеска портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димче Арсовски. На прес конференцијата која Арсовски ја одржа во Охрид , на стариот пат за Струга веднаш пред бетонската база, тој рече дека во градот чиј УНЕСКО статус е загрозен владее молк на локалната и на централната власт за нелегалната градба која никна на самото крајбрежје на Охридско езеро.

„Како што можете да видите, се работи за бетонска база која без дозвола од општината ја гради добро познатиот на  македонската јавност советник Нефи Усеини. Овој човек важи за многу близок до градоначалникот на Охрид Константин Георгиески како и целото раководство на СДСМ во Охрид. Иако цел Охрид и охриѓани гледаат со свои очи што се случува локалната власт се прави слепа и не постапува по основ на оваа нова дивоградба која што никна на самото крајбрежје. “ – кажа Арсовски.

Арсовски додаде дека истиот советник е поврзан и со нелегалната изградба на летната тераса во централното градско подрачје, покрај Чинарот, за која исто нема реакција од институциите. Причината за тоа, според Арсовски се предизборни пазари на СДСМ.

„Нефи Усеини и градоначалникот од СДСМ Константин Георгиески имаат направено политички пазар од кој дел е и оваа изградба на нелегалната бетонска база на брегот на езерото, база која што ќе го забетонира градот и уништувањето на Охрид. Поради ваквото несовесно работење на  Константин Георгиески, поради џунглата од дивоградби за кои молчи локалната власт градот е под закана да биде отстранет од листата на УНЕСКО. УНЕСКО не прогледува низ прсти, за сите нелегални хотели, минариња, тераси и бази како што тоа го прави Зоран Заев. “ – обвини Арсовски.

Локалната и централната власт мора да се охрабрат и да преземат мерки согласно закон и еднаш за секогаш да го санкционира башибозукот на урбаната мафија во Охрид, рече Арсовски.  По падот на СДСМ од власт ќе одговараат и оние кои правеле и оние кои аминувале криминал бидејќи ваквите дела никогаш не застаруваат, порача гласноговорникот на ВМРО ДПМНЕ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top