• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Калачоски: Рамномерен развој во сите урбани и месни заедници, задолжителни состаноци со граѓаните

Калачоски: Рамномерен развој во сите урбани и месни заедници, задолжителни состаноци со граѓаните

Во претстојниот четиригодишен мандат продолжуваме со рамномерен развој во сите урбани и месни заедници, кажа Кандидатот за советник Наум Калачоски, од СДСМ и коалицијата.

 |   | 

Во претстојниот четиригодишен мандат продолжуваме со рамномерен развој во сите урбани и месни заедници, кажа Кандидатот за советник Наум Калачоски, од СДСМ и коалицијата. Тој додаде дека ќе воведат задолжителни состаноци и консултации со урбаните и месните одбори со цел да ги поттикнат граѓаните да учествуваат во донесувањето одлуки и избирањето на приоритени проекти.

Во секоја месна и урбана заедница. Градиме приоритетна инфраструктура: улици, канализација, водовод. Градиме малски плоштади и паркови со содржини за дружба и забава. Градиме детски и спортски игралишта и ги реконстуираме постојните. Воведуваме комунален ред, хортикултурно уредување и ново осветлување. За нас секој граѓанин е подеднакво важен и секој заслужува да живее во уредена средина. Имаме реален план и конкретни проекти со кои го носиме најдоброто за нашиот град и сите населени места. Затоа на 17-ти октомври направете го вистинскиот избор. Заокружете го бројот 12 и гласајте за градоначалникот Константин Георгиески и коалицијата “Најдоброто за мојата општина – кажа Калачоски.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top