Post Views: 6
Еден од најголемите верски празници, Богојавление – Водици, денес масовно беше одбележан и во Струга.Илјадници верници од раните утрински часови се упатија кон најстариот храм Свети Ѓорѓија во Струга на Богојавленска утринската литургија.
Од таму, црковната поворка се упати кон мостот на реката Црн Дрим каде двете страни на реката беа претесни да ги соберат илијадниците верници. Најголема среќа годинава имаше стружанецот Никола Јанкоски кој рече дека како дете скокал пет пати, а последниве години три пати скокал со намера да го фати светиот крст и годинава, за прв...
Post Views: 11
Оваа Локална власт наместо да ги решава проблемите на граѓаните најпрво ја зголеми цената на водата, а сега ги скрати средствата за изградба на системи за водоснабдување за 4.400.000 денари на сметка на враќање на долговите, обвинија на прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ. Портпаролот Перчо Божиноски запраша зошто градоначалникот Константин Георгиески дозволил кратење на средствата за водоснабдување за сега жителите да се соочуваат со проблеми?
„Георгиески да не дозволеше минус 1.000.000 денари за изградба на водоводни линии и минус 300.000 денари за појачување на...
Post Views: 0
Руската амбасада во Скопје се огласи со сопствен коментар по изјавите на министерката за одбрана Славјанка Петровска. Амбасадата се спротивставува на позициите коишто Северна Македонија ги зазема кон случувањата во и околу Украина.
Тие реагираат по интервјуата на министерката што ги даде за телевизиите Телма и ТВ 24, во коишто таа напомена дека земјава во целост ги поддржува напорите кои се одвиваат во рамките на НАТО Алијансата и ОБСЕ за надминување на случувањата со Украина. Министерката Петровска рече дека поставувањето на вооружените сили на границите од Русија...
Post Views: 6
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на општина Охрид, во поширокиот регион на Охрид ќе биде спроведена превентивна систематска дезинсекција.
Од општина Охрид ги известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општината дека во среда, на 31-ви јули 2019 година ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 21:00 до 06:00 часот.
Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потегот од селото Подмолје до комплексот „Св. Наум“,...
Post Views: 3
Корона кризата, болните од Ковид, паниката кај граѓаните им ги наполнија сметките на аптеките. Едно четирчилено семејство заболено од Ковид кое се лечеше во домашни услови трошеше најмалку 500-ини евра за лекови.
Граѓаните ги полнеа своите полици со разно разни витамини, антибиотици како резерва и се што сметаа дека би им помогнало полесно да го поминат вирусот.
Од друга страна сопствениците на аптеките ги броеја профити од продажбата на лекови.
Во прилог нова АНАЛИЗА : ВО АПТЕКИТЕ НА ЗЕГИН ЛАНИ СМЕ ОСТАВИЛЕ 49,5 МИЛИОНИ ЕВРА
Post Views: 1
Вчера во 13:11 часот, Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид доби повик од страна на група планински велосипедисти од Холандија, кои јавија дека при пад во близина на Трпејчко поле, југо-источно од Пештани, нивниот пријател се здобил со повреда во пределот на десниот колк.
Тричлена екипа од ПСС со теренско возило веднаш излезе на терен, за кратко време лицето беше лоцирано, имобилизирано и транспортирано до с. Пештани, од каде во 14:45 часот го превзеде возило на итната медицинска помоши го пренесе во специјалната болница за ортопедија Св. Еразмо во Охрид.
Post Views: 23
Во Локалната самоуправа, во јавните пртпријатија во градов како и во градскиот совет има многу помалку жени отколку мажи на раководни места. Само во секторот за образование и здравство има раководител од женски пол. Стереотипите наметнати од минатото и поделбата на машки и женски професии тешко се надминуваат. Родовата еднаквост сеуште е тема на која треба да се работи па затоа во градов се одржува тридневна работилница за родовите индикатори, родовите показатели и родовата статистика.
На работилницата учествуваат преставници од локалната администрација и од Советот...
Post Views: 0
Пешачката рекреативна патека од мостот до Горица прва повторно цел на вандали. Искршени и искорнати канделабри, уништени клупи, оштетен плочник е сликата поради која изминативе денови поголем број на граѓани реагира споделувајќи слики и видеа на социјалните мрежи. Од локалната самоуправа велат дека навистина се запрепастени од несовесноста на некои граѓани. Од кога патеката е направена, постојано се уништува. Лоакалната ги санира штетите, но тоа не е решение. СЕ прават непотребни трошоци, се фрлаат пари кои впрочем се на самите граѓани.Воопшто не е важно колку ќе ја...
Post Views: 1
Настапувајќи во пријателскиот натпревар против Романија, голманот на Шпанија, Икер Касиљас (34) запиша 166-ти настап за репрезентацијата со што стана играч со најмногу репрезентативни настапи во Европа. Касиљас така го престигна досегашниот рекордер Виталиј Астафјев кој во кариерата одигра 165 натпревари за репрезентацијата на Латвија.
“Среќен сум и горд што собрав толку настапи за репрезентацијата. Сите овие години имаше многу убави, но и лоши моменти. Но, ги памтам само позитивните”, рекол Касиљас додавајќи дека “свесен сум дека се приближува и крајот на мојата кариера....
Post Views: 1
Бако , добро познат бренд за охриѓани , ја продолжува шестгодишната успешна приказна во градов. Викендов компанијата свечено го отвори новиот продажен простор. Наместо на досегашната локација на влезот од чаршијата отсега познатите производи на Бако ќе ги најдете неколку метри подолу кон плоштадот кај Чинарот. Во новата продавница, уредена во модерен дизајн со пријатен ентериер и на поголема површина, ќе ги пронајдете познатите по својот квалитет, производи на Бако. „ Во старата продавница бевме редовни муштерии. Еве сега чекавме новава продавница да се отвори, скоро...
Post Views: 10
Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека денес, 8- ми јуни, понеделник, поради изведување градежни работи- минирање, ќе има едночасовен прекин на сообраќајот на патниот правец А2 Кичево – Охрид, кај месноста Пресека – Врбјани.
Прекинот ќе биде во периодот од 15 до 16 часот.
Post Views: 3
Потомоците на трите семејства Митревци, Паунковци и Петковци од селото Ржаново, Малесија, одбележаа сто години од доаѓањето во Охрид. Љупчо Паункоски раскажува дека преселбата на нивните претци прво се случила во 1903 година по Илингденското востание во кое нивните претци биле учесници. По пропаѓањето на востанието селото било изгорено и населението морало да бара егзистенција. Нивните прадедовци со позајмени пари заминуваат во Америка , работат вредно како фурнаџии. По завршување на Првата светска војна се враќаат во родниот крај и со семејствата во 1919 година почнуваат...