Нов модерен продажен простор на Бако во Охрид

Компанијата која постои 19 години од кои последниве шест успешно работи во Охрид , своите препознатливи производи ќе им ги понуди на купувачите во пријатен ентериер на поголема површина. Охриѓани , според искуството на вработените во Бако се вистински љубители на апетисани, суво овошје, локум, интегрална храна, зачини а во последно време се побарани се и производите кои се тренд во здравата исхрана како чија, гоџи, киноа, зелено кафе и друго. 

 |   | 

Бако , добро познат бренд за охриѓани , ја продолжува шестгодишната успешна приказна во градов. Викендов компанијата свечено го отвори новиот продажен простор. Наместо на досегашната локација на влезот од чаршијата отсега познатите производи на Бако ќе ги најдете неколку метри подолу кон плоштадот кај Чинарот. Во новата продавница, уредена во модерен дизајн со пријатен ентериер и на поголема површина, ќе ги пронајдете познатите по својот квалитет, производи на Бако.

„ Во старата продавница бевме редовни муштерии. Еве сега чекавме новава продавница да се отвори, скоро две три недели и еве дочекавме. Супер се, асортиманов е добар, персоналот фантастичен. Ако продолжат вака добро ќе биде. “– изјави за ТВМ редовен муштерија на БАКО.

„Најмногу за овај дуќан ми се допаѓа затоа што има многу чоколади и бонбони и многу се вкусни. Ги имам пробано. “- вели 10 годишна охриѓанка која ја посети продавнизата со своите баба и дедо и си замина со полна кеса кондиторски производи.

„  Многу интересен асортиман на производи. За нас ова не е секојдневно а гледам дека во јужните краеви има една ваква традиција на потрошувачка на вакви производи , јаткасти и многу убави зачини. За мене ова е многу интересно па влегов и се запознав од блиску со понудата која е навистина богата. “ – изјави за ТВМ турист од Србија.

Од компанијата Бако велат дека потрошувачот за нив е на прво место и целта им е преку богатата понуда на внимателно избрани производи , квалитетна и љубезна услуга но и подобрување на продажниот простор да им овозможат пријатно искуство при купувањето.

„ Новиов продажен простор е во помодерен , трендовски изглед. Ќе им овозможиме на купувачите да имаат повеќе простор за разгледување и секако подобра услуга.“ – вели  Жане Маркоска Секулоска, вработена во Бако.

Охриѓани , според искуството на вработените во Бако се вистински љубители на апетисани, суво овошје, локум, интегрална храна, зачини. За овие 6 годии колку што постои БАКО во Охрид бројот на редовни купувачи постојано расте. Охриѓани се интересираат и за производите кои во последно време станаа тренд во здравата исхрана а Бако им ги нуди со проверен квалитет.

„ Имаме навистина широка производи. Не би можела да издвојам што е најдобро. Имаме понуда за секој вкус од здрава храна па до најбараните јаткасти производи и суви овошја. Секојдневно се бара здрават храна, производи како лен, гоџи бобинки, чиа , голден бери, зачини. “ – кажува  Маркоска Секулоска.

„Компанијата „БАКО“, која се занимава со производство, преработка и продажба на зрнести, прашкасти производи и суво овошје успешно работи веќе 19 години и докрај во Охрид, има продавници и во Битола, Прилеп, Велес, Тетово и Скопје.
       

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top