Утре ќе се врши превентивна системска дезинсекција од земја

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на општина Охрид, во поширокиот регион на Охрид ќе биде спроведена превентивна систематска дезинсекција.

 |   | 

Од општина Охрид ги известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општината дека во среда, на 31-ви јули 2019 година ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 21:00 до 06:00 часот.

Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потегот од селото Подмолје до комплексот „Св. Наум“, територијата на град Охрид, како и потегот на реките Грашница и Коселска Река.

– Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден, информираат од охридската локална самоуправа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top