• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Охрид, со обвинувања до локалната и менаџментот на МЈП „Проаква“

Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Охрид, со обвинувања до локалната и менаџментот на МЈП „Проаква“

Велат дека нема ден да не снема вода за пиење во дел од градот и дека секојдневното живеење на граѓаните и туристите е отежнато. Исто така бараат од „Водовод“ веднаш да ги реши проблемите со водоснабдувањето во Лакочереј и да им овозможи на жителите непречено снабдување на вода за пиење.

 |   | 

Оваа Локална власт наместо да ги решава проблемите на граѓаните најпрво ја зголеми цената на водата, а сега ги скрати средствата за изградба на системи за водоснабдување за 4.400.000 денари на сметка на враќање на долговите, обвинија на прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ. Портпаролот Перчо Божиноски запраша зошто градоначалникот Константин Георгиески дозволил кратење на средствата за водоснабдување за сега жителите да се соочуваат со проблеми?

„Георгиески да не дозволеше минус 1.000.000 денари за изградба на водоводни линии и минус 300.000 денари за појачување на водоводни мрежи, изградба и реконструкција на резервоари за вода во рурални средини сега жителите немаше да имаат вакви проблеми. Дали Георгиески бил во Подмоље да види како непречистената вода со фекалии се влева директно во езерото од која се шири неподнослива миризба? И сето тоа кај една од пумпните станици на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро. Доколку навистина се спроведуваат преораките од УНЕСКО треба да се реагира“ рече Перчо Божиноски – портпарол О.К. ВМРО-ДПМНЕ.

Божиноски исто така обвини дека нема ден да не снема вода за пиење во дел од градот. Секојдневното живеење на граѓаните и туристите е отежнато. На жителите на Лакочереј им се ускратени основните услови за живот преку зачестените проблеми со водоснабдувањето иако навремено ги подмируваат обврските.

„Се додека приориетет на директорот на МЈП „Проаква“ – Р.Е. „Водовод“, Алексијоски ќе бидат репрезентациите по кафани и фудбалските клубови, а не проблемите на граѓаните сите ветувања на власта ќе останат само празни зборови.ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш од „Водовод“ да ги реши проблемите со водоснабдувањето во Лакочереј и да им овозможи на жителите непречено снабдување на вода за пиење“ додаде, Перчо Божиноски – портпарол О.К. ВМРО-ДПМНЕ.

Божиноски посочи дека локалната власт на СДСМ и Георгиески работат недомаќински. Дека претставуваат синоним за неработење и нерешавање на проблемите на граѓаните.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top