Post Views: 13
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.Н.(28) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при вршење семејно насилство”.
Тој на 10.08.2021 година, започнал вербална расправија со неговата 25 годишна вереница по што, физички ја нападнал нанесувајќи и телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 0
Во Охрид и понатака нема интерес за загрижување на деца без родители. Згрижувачки семејства во Охрид кои се одзвале на повиците на Министерството за труд и социјална политика и кои прифатиле деца без родителска грижа се бројат на прстите од една рака , информира Ајтен Мусли директор на Центарот за социјални работи.
„ Многу е мал бројот ,има само три семејства. Понекогаш се менува таа бројка , но има наши штитеници во Прилеп, Крушево, Струмица деца без родителска грижа сместени во згрижувачки семејства. Кај нас е многу малку имаат по 2 – 3 деца згрижено, “ напоменува...
Post Views: 5
Загрепската полиција синоќа објави снимка на кој се гледа лицето кое во дворот на неделникот Национал во Загреб довезло мопед во кој бил експлозив со кој пред шест дена беше убиен сопственикот на весникот Иво Пуканиќ и неговиот соработник Нико Фрањиќ.
Министерот за внатрешни работи Томислав Карамарко за Хрватската телевизија изјави дека полицијата трага по убиецот или убијците на Пуканиќ, додека дел од медиумите веќе јавија оти се уапсени неколку осомничени лица.
Човекот со кацига е едно од двете лица кои полицијата ги сомничи за убиство, изјави началникот на Кабинетот...
Post Views: 3
„Во текот на престојниот мандат предвидуваме низа нови инвестиции за партерно уредување и формирање на нови инфраструктурни содржини за прошетки и рекреација, кои ќе имаат големо значење и ќе придонесат за туристичкиот развој на Охрид“, истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ, Константин Георгиески.
Тој најави дека е подготвено идејното решение за изградба на нова пешачка патека од дрвен материјал што ќе се протега од Градското пристаниште до населбата „Канео“, изградена...
Post Views: 4
Уривањето на дивоградбите во Охрид ќе почне од септември, најави во интервју за „Макфакс“ министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Тој објасни дека Охрид врши сериозни подготовки на акцијата за уривање.
“Градоначалникот има веќе направено јасен план од каде би започнало, не само рушењето, туку сите други активности согласно динамиката ги имаат предвидено до февруари 2020 год да се направат. И затоа ние логистички стоиме, државата ако треба и дополнително ќе обезбеди средства во тој дел . Градоначалникот ме извести дека веќе е одбрана фирма која треба да врши...
Post Views: 20
Вкупната сума на американско оружје продадено во 2007 година во целиот свет е зголемено за 48,5 отсто, на 24,8 милијарди долари.
Во 2006 година таа цифра беше 16,7 милијарди долари, се наведува во извештај на американскиот Конгрес. Во минатата година делот на САД на светскиот пазар на оружје и воена техника бил 41,5 отсто.
На второ место е Русија со 10,4 милијарди долари или 17,3 отсто. На трето место е Велика Британија со 9,8 милијарди долари што е двојно повеќе отколку претходната година.
Во извештајот освен за доставување оружје се вклучени и продажби на резервни...
Post Views: 3
Владата ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на Проектот за изнајмување на 7 (седум) монтажни спортски лизгалишта во Република Северна Македонија и ја задолжи Агенцијата за млади и спорт да ги обезбеди потребните средства за реализација на проектот во висина од 14.000.000,00 денари, во рамките на сопствениот Буџет за 2019 година.
Со оваа одлука на Владата, им се препорачува на општините Охрид, Битола, Куманово, Струмица, Центар, Гостивар и Тетово да изберат и предложат до Агенцијата за млади и спорт локација како и да обезбедат одобрение за поставување на...
Post Views: 0
Силната бура синоќа предизвика прекин на електричната енергија во Рим и откажување на летовите од аеродромот „Леонардо да Винчи“.
Обилните дождови предизвикаа и поплави на улиците на главниот италијански град.
Според метеоролозите, невремето најверојатно ќе трае до утре вечер.
Post Views: 23
Русинот Кирил Амбросимов и бразилката Марсела Чуна триумфираа на 10 километарската трка која денеска се одржа во водите на Охридското езеро. Во оваа 7ма по ред трка во рамки на ФИНА светската серија 2019 година учествуваа 16 пливачи кои ја претставуваат светската пливачка елита во моментов. На целта во машка конкуренција втор пристигна победникот на „големиот маратон“ во Охрид Аксел Рејмонд од Франција атрет беше Матео Фурлан од Италија. Во женска конкуренција втора беше Рашел Бруни а трета Ариана Бриди и двете од Италија. Охрид прв пат во својата историја е домаќин...
Post Views: 1
U: Plug е решение настанато поради проблеми од големи количини на кабли, полначи и штекери кои се потребни за едно технолошки освестено лице да ги наполни своите уреди. U:Plug како компанија постои повеќе од една година колку што траел и развојот на производот на кој работеле десетина лица, тројца редовно вработени и пет надворешни соработници.
Станува збор за хрватска фирма од Осијек која е ориентирана на развој на иновативни решенија и затоа тие работат континуирано на нови производи и технологии. Како што објаснува Иван Јелушиќ, директор на U:Plug, основна идеја...
Post Views: 1
Земјотрес со интензитет од 6,2 степени по Рихтеровата скала утрово го погоди југозападниот дел на Пакистан при што загинаа повеќе од 100 луѓе.
Жртвите се од долината Зиарат, провинцијата Белуџистан. Портпаролот на локалната полиција наведе стравува оти бројот на жртвите ќе биде поголем, бидејќи од земјотерсот погодени се осум села во долината Зиарат.
Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри. Долината Зиарат е една од туристичките атракции во Пакистан, што се наоѓа на 70 километри североисточно од градот Кета.
Пакистанскиот град Кета беше...
Post Views: 2
Со громогласни аплаузи и овации , денеска фановите го дочекаа херојот Марко Пејчиноски на градското пристаниште. Иако не успеа да го оствари сонот, да го преплива легендарниот триаголник Охрид Свети Наум- Струга – Охрид , исклучително тешка рута и за најголемите професионалци, Марко успеа во својата мисија, тој го сврте вниманието на целокупната македонска јавност за животот на луѓето со ретки болести. Помалку тажен, со трепетлив глас, кажа дека се откажал од намерата синоќа поради силните болки во ногата, но сепак оптимистично најави дека не се откажува од својот...