Сугарески: Рушењето на дивоградбите во Охрид ќе започне во септември

Рушењето на дивоградбите во Охрид ќе започне во септември , најави министерто затранспорт и врски во интервју за макфакс. Според министерот може да се очекува сите дивоградби да се урнат до февруари но локалната со помош на државата ќе спороведе сериозна акција за справување со овој проблем

 |   | 

Уривањето на дивоградбите во Охрид ќе почне од септември, најави во интервју за „Макфакс“ министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Тој објасни дека Охрид врши сериозни подготовки на акцијата за уривање.

“Градоначалникот има веќе направено јасен план од каде би започнало, не само рушењето, туку сите други активности согласно динамиката  ги имаат предвидено до февруари 2020 год да се направат.  И затоа ние логистички стоиме, државата ако треба и дополнително ќе обезбеди средства во тој дел . Градоначалникот ме извести дека веќе е одбрана фирма која треба да врши уривање.“ – изјави Сугарески.

Општина Охрид предвиде средства за уривањето во висина од 1,5 милион денари. Според Сугарески нови средства локалната самоуправа ќе предвиди и во буџетот за следната година затоа што не може да се очекува сите дивоградби, чија официјална бројка ќе се знае деновиве, да бидат урнати до февруари, кога истекува рокот даден од УНЕСКО за поднесување извештај за преземените активности во насока на исполнување на препораките.

„Ние стоиме целосно на располагање да отпочне акцијата  што најверојатно ќе биде по завршувањето на туристичката сезона и согласно нивниот план и динамика кој што го имаат , дали станува збор и во делот на плажите и во делот на НП Галичица  , тие имаат свој план како понатаму треба да се одвива тоа . Мислам дека УНЕСКО ќе биде информирано за сите преземени чекори почнуваќи од мораториумот па за уривањето итн. Се со цел она што го зборувавме во изминатиот период дека сето она што е правено во изминатите 20 години, општината и државата ќе се справат со тој проблем. “ – кажа Сугарески.

Министерот Сугарески во интервјуто за Макфакс зборува и за хотелот во Лагадин , дивоградбата на плоштадот Крушевска Република и други прашања поврзани со Охрид. Целосното интервју ТВМ ќе го емитува во петок (30.08.2019) по централниот дневник во 17 часот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top